Со концертот насловен како “Од душата на традицијата“ вечер во Битола завршува јубилејното 50. издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“ на кој ќе настапат Блгаојче Трајковски-кларинет и Елена Андоновска-вокал во придружба на групата “Фонтана“ и Тимко Чичаковски-канон, Ратко Даутовски-перкусии и Игор Милевски-виолина.
Инаку, синоќа на предпоследната фестивалска вечер концерт со наслов „Фолклорен мозаик“ одржаа Басја Арифовска-кларинет, Душко Георгиевски-вокал и флејта, Ратко Димитровски-ударни инструменти, Благоја Алачки пред битолската публика свиреше на гитара и тамбура, Емил Адамски на кавал и акустичен бас.