Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Ицо Тасевски го “улови“ можеби најголемиот вргањ во Битола

Голем број граѓани на Битола рекреираат и планинарат, но по планините има битолчнани кои собираат печурки, разни треви, чаеви, боровинки… Еден наш сограѓанин Ицо Тасевски, кој живее во населбата “Баир“ во Битола, е дел од таа група кога собира печурки и со тоа остварува дополнителни приходи.

Ицо Тасевски, летово може да се кажа дека ја има “уловено“ најголемата печурка, вргањ, што него како искусен трагач, како вели не е којзнае што, но за останатите не е така. -Мило ми е што ете по наоѓањето на големиот вргањ кај пријателите и кај некои други се јави желба, како велиме ние, “да одат по печурки“. Тоа има свои предности, секогаш си во природа, се движиш, но мора да спомнеме дека во овои услови на беспарица и криза, парите кои се заработуваат добро доаѓаат во секое семејство. Јас сум долги години по планини, а сакам да им порачам на граѓаните на Битола тоа да го прават сите кои можат, ни рече Ицо Тасевски, кој не сакаше да се фали колку тежи вргањот и да каже на која локација го нашол.