Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола посвежо и нестабилно со пороен дожд

Продолжува период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Денес локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме и со пообилен пороен дожд (над 30 л/м2) и силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град. Од утре температурата ќе биде во благ пораст, а нестабилно ќе биде претежно во попладневните часови.

Денес, четврток, 6 август, времето во Битола, според прогнозите не метеоролозите на Упрвата за хидрометеоролошки работи, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=6. Температурата во Битола до 24 степени.

Утре, петок, 7 авгсут, времето во Битола ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер. УВ=6. Температурата во Битола до 25 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »