Press "Enter" to skip to content

Исмаил Демири: со микроблејдинг, со природен изглед, до поголема самодоверба

„Ако сакаш да го промениш светот, започни од себе си“. Секоја сопствена трансформација, треба да значи извлекување на најдоброто од себе. Само тоа што делува природно, ја зголемува самодовербата, а креира доверба кај другиот, вака Исмаил Демири, ја започнува својата приказна за микроблејдинг третман на веѓи, која веќе две години успешно ја гради и надградува. Наскоро, најавува и нови третмани.

Со направени голем број третмани и исто толку задоволни клиенти, можете со задоволство да кажете дека доста добро напредувате во оваа релативно нова метода, распространета на светско ниво. Што всушност значи микроблејдинг третманот и зошто го избравте токму овој начин за разубавување на клиентите?

Секој човек сака да изгледа убаво, а физички убавиот изглед, ја зголемува самодовербата. Совршена комбинација е кога убавината доаѓа од природните предиспозиции. Така беше и со моите почетоци во оваа област. Можеби малку нескромно, но знаев дека во себе носам голема креативност, а од друга страна во комуникацијата со луѓето, највпечатливиот дел од нивното лице, секогаш ми беа очите, како клучен дел од невербалната комуникација. Токму затоа и решив да посветам повеќе внимание на нив. Така, стигнав до фактот, дека поставеноста на веѓите, нивната симетрија и негуваност, се основниот показател за човечкото расположение. Се приклучив на PhiBrows академијата и едноставно и себе си се изненадив од успехот кој можам да го постигнам, а притоа тоа да биде резултат на природната убавина која ја поседуваат луѓето. Со секој третман и задоволен клиент, растеше мојата самодоверба, особено кога согледав колку трансформацијата влијае на емоционалната страна на луѓето. Јас едноставно само го обликував она за што природата оставила простор да се истакне. Токму во тоа е тајната на микроблејдинг третманот на веѓи.

Ги комбинирате креативноста и знаењето со помош на посебна техника. Какви материјали користите во работата?

Третманот е целосно безболен, а во текот на работата со цел запазување на симетријата, користам посебна алатка – компас за правилно исцртување шаблон, согласно карактеристиките на лицето, а дополнително и посебна алатка за утврдување на симетрија. Употребувам единствени, чисти пигменти СУПЕР ФОРМУЛА, направени на природна база кои не содржат недозволени и штетни состојки. Пигментот се нанесува рачно со посебна алатка на површинскиот слој на дермисот. Постапката се извршува во комплетно асептични услови, со примена на стерилизирани материјали, средство за дезинфекција и анестетик, работејќи согласно сите протоколи за заштита од КОВИД 19.

Во Вашата работа, покрај естетска вредност има и голема хумана дејност, особено поврзана со заболувања и состојби во кои микроблејдинг третманот може да го надомести губитокот. Кај кои заболувања можете корективно да делувате?

Човечки е да се помогне кога за тоа постои можност. Кај сите болести поврзани со губење на влакното, со кои секој човек може да се соочи, може да се издвои малку од сопственото знаење и умеење за нечиј живот да се направи среќен и исполнет. Дури и кај последиците од изгореница на лице, каде што настрадале веѓите на пример, после третманот се создава нова слика во огледалото. А верувајте, огледалото е нашата слика кон новиот поглед на почетокот кој претстои. Нели, секое утро започнува со поглед во огледалото. Задоволното и среќно лице, најавува среќен почеток на денот. Затоа мојата порака е: Денес, направете нешто за себе! Дозволете си да се чувствувате убаво, за да ги видите убавините на денот, а другите да ја пронајдат во вас светлината која ја носите со себе! Не делувајте намуртено! Од Вашите очи нека зрачи среќа, а поставеноста на веѓите нека ја пренесе среќата наоколу.

Наскоро, најавувате новитети. Што можеме да очекуваме?

Кога природната убавина е експонирана, таа треба да се акцентира. Наскоро, во делот на веѓите воведувам нова техника Powder brows, a започнувам и со трајна шминка преку силниот впечаток на алајнерот, како и исцртување или контурирање на уста. Новитети од кои верувам сите ќе бидат импресионирани. 

За крај: Дали мислите дека полутрајното исцртување на веѓите и трајната шминка се нов предизвик на модерната жена?

а мене предизвик се задоволните клиенти. Знам, дека сите тие сакаат промени. Модерната жена, не го менува светот, таа промената ја започнува од себе си. Затоа, верувам дека микроблејдинг третманот не е предизвик, туку нов начин на делување кој едноставно дозволува позитивните промени да се случат. Секој има своја природна убавина. Микроблејдинг третманот е гарантирано вистинскиот избор кон презентирање на спојот на природното и модерното, во функција на нешто многу потемелно и важно за иднината на општеството: самодовербата која го гради успехот!