-Од 3 д0 5 септември по 19 пат ќе се одржува фестивалот Битола Отворен Град.
-За сите Вас, Битола отворен град ќе трае само неколку денови, а за нас во МКЦ Битола, Битола отворен град трае цела година. Радост е да се мотивираат луѓето кои сакаат музика, уметност… и воопшто култура да се активираат во фестивал кој според нас е општествен процес. Процес во кој на симболичен начин спојуваме различни генерации кои поминале и креативни, но и бавни години во општествени промени на ова тло, а годинава и месеци во изолација, но никогаш не ги напуштила желбата за култура и уметност, изјави Златко Талевски Извршен директор – МКЦ Битола.
Битола отворен град е културолошка појава, промовирање на напредни идеи за позитивни општествени вредности, укажувајќи на важни теми. Целна група на фестивалот се сите оние кои сакаат квалитетна уметност, кои сакаат да бидат опкружени со луѓе со слични сфаќања на животот, сакаат и уметност која се создава надвор од мејнстримот. Годинашната програма на голема радост е целосно македонска.
• четврток 3 септември 2020
*КЦ Магаза 12.00 ч. Изложба “Coolest Dead People“ Кристина Карапеоска 20.00 ч. Промоција на монографијата „Македонска дискографија – винили (1958-2019)“, прв том на Тошо Филиповски и Македонска музика од винили со DJ Chiko
• петок 4 септември 2020
*Антички театар Хераклеја 21.00ч Концерт на Pluto’s Doubts
Foltin
Superhiks
• сабота 5 септември 2020
*Музеј Пацио 21.00 ч. Концерт на Вел Mooger Fooger & Горан Трајкоски.
Задолжителна е онлајн регистрација за добивање на БЕСПЛАТЕН БИЛЕТ за концертите со строго дефиниран број на посетители (на објавената програма на сајтот на МКЦ има детали на која локација, колкав број на публика ќе може да присуствува).
Оваа година фестивалот Битола отворен град е поддржан од Министерство за култура на Република С. Македонија како проект од национален интерес во културата во 2020 година и од Општина Битола.
На сите настани задолжително е почитување на протоколите за заштита од Ковид-19, мерење на температура при влез, носење на маска, дезинфекција на рацете и држење на физичка дистанца. Организаторот го задржува правото да ги отстрани посетителите кои нема да ги почитуваат здравствените протоколи.