-Доживување за сите сетила, каде битолчани повторно ќе „излезат од рамката“, вели организаторот Игор Трајковски – Фоја.
Оваа година фестивалот “300 работи Триста“ со едновечерна програма од 20 до 23 часот во “Радост“ во Битола, кафе по сите протоколи и мерки на заштита, заради кризата со пандемијата на ковид -19. Организатор на фестивалот Игор Трајковски – Фоја изјави:
-И оваа година во Битола успеавме да го организираме овој фестивал на кој повторно ќе има интересна програма која ќе се случува на 28 август на алтернативна сцена во кафулето “Радост“. Уметничката програмата и оваа година ќе биде доживување со 300 работи – уметност, литература, музика на фестивалот каде битолчани повторно ќе “излезат од рамката“ и продолжи:
-Фестивалот “300 работи Триста“ е започнат како проект на Битолско лето пред 7 години во 2013, во Битола, како идеја на авторот Игор Трајковски – Фоја за „Уметничко литературен преформанс во живо“ и уметничка алхемија. Многу често границата уметник/публика имаше тенденција да се уништи и повторно да се воспостави,
На крајот И.Т. Фоја кажа:
-Може само да се додаде во Битола, досега учествувале артисти од Балканот, Индија, Турција, Кина, Сад, Ирска, Франција, Чешка итн. Но, оваа година заради ситуацијата нема гости од страна. А за страната на публика не можеме да дадеме точна информација поради самиот факт што немаме адекватна опрема за да го измериме патувањето на мислата. Е точно таа „Мисла“ е главната сила и на овој фестивал, кој физичка промоција на делата ќе има на 28 август во Радост- кафе од 20 часот со почитување на сите протоколи и мерки на заштита.
Жанета Ристевска