Press "Enter" to skip to content

На Фестивалот “300 Работи, Триста“ во Битола, повторно се урна границата на Автори и Конзументи

Кафе „Радост“ во Битола, повторно беше алтернативна сцена за одржување на  осмиот по ред “Фестивал за литература и аудио-визуелни уметности „300 Работи, Триста“. Започнат од 2013 година во Битола, со главна идеја на организаторот Игор Трајковски – Фоја, тоа е постојано уривање на границата публика и изведувачи, а конзументите добија – Доза – Храна и Култура.Во негов стил тој истакна:

-Во времето во кое треба да се научиме да живееме со забрани, граници и правила, дај барем да ја преминеме границата на Автори и Конзументи и еднаш засекогаш да останеме ПОДЕЛЕНИ ЗАЕДНО.-Во досегашните изданија, фестивалот кој е единстен од овој вид во Биотола, се менувал во зависност од идеите на огранизаторот, реакцијата на публиката и околностите во кои што се одвивал. Но, и покрај тоа, тој во својата суштина ги задржал главните начела за промовирање свежа уметност, пронаоѓање нови автори од нашата околина и светот и задржување на еден естетски критериум на современи вредности, вели И.Т. Фоја.

На почетокот на вечерта беше најавена промоцијата на  „КОЛЕГИУМСКИ ЗБОРНИК 007“,“, со поднаслов „ПОДЕЛЕНИ ЗАЕДНО“ („тука и сега“) на група автори со  зборовите:-Живееме во ново време, но зарем секое наредно време кое што доаѓа не е ново? Има и такви кои веруваат дека времето не постои и го заменуваат поимот време со движење. Без разлика дали верувате во постоењето на време или движење, едно е сигурно – ние сме тука и сега. А токму ова „тука и сега“ е резултат на низа последователни настани во минатото.

Па, така и овој „КОЛЕГИУМСКИ ЗБОРНИК 007“, со поднаслов „ПОДЕЛЕНИ ЗАЕДНО“ („тука и сега“) е резултат на низа зборници и дела поврзани во сличен контекст. Воедно, тој е нераскинлив елемент на Фестивалот за литература и аудио-визуелни уметности „300 Работи, Триста“ кој се одржува од 2013-тата.Така, и во ова издание, преку делата кои се поместени во овој зборник од низата автори, се надеваме дека ќе пренесеме една универзална енергија на уметничко творење. Во овој зборник поместуваме и дела од минатите изданија во форма на реизданија, за да поставиме еден поширок контекст, кој ќе го рефлектира нашето досегашно постоење. Од друга страна, дел од авторите кои ви се познати со своето делување, во една одредена област од ова издание ќе ви се откријат во поинакво светло. Оваа година фестивалот се одржа само една вечер, а се организираше со поддршка на Општина Битола. Секако со почитување на сите мерки и протоколи на заштита од Ковид 19.Во програмата на фестивалот покрај промоцијата на „ КОЛЕГИУМСКИ ЗБОРНИК 007“ од група автори, беше проектиран фимот „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков. Присутните можеа да уживаат во изложените дела на Иван Коцка Јанчев,  Илија Талев и Ирина Кузевска. Сите присутни добија пакетче – Доза – Храна и Култура

Ж. Ристевска

More from КултураMore posts in Култура »