“ИМА ПРАВИЛА ИМА ЗАКОНИ, БЕЗ НИКАКВА ФУНКЦИЈА“ е дел од песната “НОВО ВРЕМЕ“ во која во реге-стил е опишана ситуација во државата, воопшто во моментот и во изминатите 20-30 години…
“ДАЛИ СИТЕ ЌЕ СИ ЗАМИНАТ, И ДАЛИ НЕКОЈ ЌЕ ОСТАНИ, ДА МИ БИДИ ДРУГАР ДО КРАЈ, е песна за сите нас, многумина од нас имаме родители, роднини, деца на другари, пријатели, познаници кои се некаде заминати некои за секогаш, заради економско-политичката состојба во земјата. За жал, многумина остануваат сами.
“Дали сите ќе си заминат“, една мелодична, спора тема, одсвирена и одпеана само со акустична гитара и глас.
“Глас“ е колаборативен музички проект од Бранко Шпољариќ Паљач и Ѓокица Зафировски, ветерани на македонската музичка сцена, познати како фронтмени на рок групите “Чоканче“ и “Suns“, респективно. Покрај албумите објавени со нивните групи во минатото, во поновата историја имаат остварено соло албуми и учествувано во разни колаборативни проекти.
Соработката на проектот “Глас“ е започната на пријателска основа во текот на 2019 година, и оваа година резултира во две нови студиски песни “Ново време“ и “Глас“.