Press "Enter" to skip to content

Разговор со повод, Илчо Ќурчиевски: горд на јубилејните 25 години “Фото Илчо“ – Битола

Жанета Ристевска

Веселите бело-сини балони пред дуќанот “Фото Илчо“ одбележуваат јубилеј  25 години постоење. Може да се каже дека низ овие 25 годни потоење “Фото Илчо“ одиграл значајна улога во зачувување на спомени низ фотографии и снимања на  најзначајните настани во животот на битилчани. Свадбени церемонии, веридби, крштевки, родендени, матурски прослави и цел дел околу фотографирање, снимање, а потоа и зачувување во албуми, урамување, уметничка фотографија. Тоа беше и поводот за нашиот разговор со Илчо Ќурчиевски фотограф и сопственик на “Фото Илчо“ од Битола.

Битолчани го познаваат како отворен и директен, голем професионалец во својата работа и човек кој стои до дадениот збор. Така и ми одговори на моите прашања јасно, концизно, без заобиколување и непотребни зборови. “Фото Илчо“ 25 години  јубилеј, горд на него, го одбележуваме достоинствено,  без голема прослава заради ситуацијата со корона кризата и мерките на претпазливост до кои строго се придржуваме.-Малку сум  разочаран бидејќи планот беше на датумот на отворање на “Фото Илчо“,  на 2 септември да прославиме свечено со сите кои овие години се на некој начин поврзани со “Фото Илчо“ професионално, а и приватно. Оваа година заради оправдани причини и корона кризата го направивме интерно, само со  мојот тим соработници. Ќе  оставиме за други подобри времиња кога сите ќе бидеме послободни во комуникација и социјални дружења ни вели со сериозен тон за да продолжи:-Пандемијата не затекна сите неподготвени, за прв пат се сретнавме со воведена вонредна состојба, карантин,  нашиот дуќан беше затворен скоро два месеци, но еве сега се навикнуваме на новите мерки и можеби и до на есен ќе се справуваме подобро со оваа, но и со други кризни ситуации. Како што и низ овие 25 години постоење на “Фото Илчо“ сме поминале и добро и лошо, но најважно е да се издржи во се, со доследност во своите принципи. Бидејќи само со упорност, трудољубивост,  со жртви и откажувања се опстојува во турбулентни времиња на живеење. Така е од првиот ден на отворање на оваа дејност.Но, да  започнеме од почеток. Идејата за отварање „Фото Илчо“ во Битола,  кога  започнавте со работа?

-Потекнувам од семејството Ќурчиевски познато во Битола во фелата на фотографи кои долги години   се занимавале со оваа дејност (занает).  Јас сум трето колено, значи мојот дедо, татко ми го пренесувале занаетот. Растев опкружен со фотографирање… Со свои 25 години се осмелив и одлучив да се издвојам од фамилијата и продолжам сам со свој самостоен бизнис, и го отворив  “Фото Илчо“ на место каде се наоѓа и денес – наспроти поштата во Битола. Тоа беше точно на 2 септември 1995 година од тогаш сите овие години напорна работа, со многу откажувања и жртви. Оваа работа поврзана со фотографирања на свадбени и други церемонии кои се договорени многу порано бара голема професионалност. Нема викенди, се работи цела недела, летен период… Тука ќе кажам дека во оваа работа мора да се жртвува дел од  патувања, викенди, летни одмори. Моментално тимот кои работи во “Фото Илчо“ сме  јас, мојата  соруга и двајца вработени кои имаат долг работен стаж во Фото Илчо.  Низ годините работеле  и други вработени со подог стаж. Мојата ќерка Марија исто така помага во работата, на што сум посебно горд.“Фото Илчо“ низ своите 25 години диграл значајна улога во зачувување на спомени низ фотографии и снимања на  најзначајните настани во животот на многу битолчани и други. Може да се кажа дека  сите овие години Фото Илчо растеше како бизнис, воведувајќи новини  во оваа област. Кажете околу ова?

-За сите овие години растевме во оваа област, што значи воведувајќи најнова технологија во оваа дејност. Меѓу првите ја воведовме дигиталната  технологија и  обраборка на фотографии, со дигитален печат. Ги пратиме најновите достигања со учество на обуки, семинари, презентации, саеми односно секаде и се што е поврзано со  оваа дејност. Тука спаѓаат и продажба на албуми, рамки, покани, изработка на уметнички фотографии. Покрај основното фотографирање и снимање.  Би кажал  дека фотографијата е фокусот на моето  интересирање, особено дигитална лабораториска обработка.  Во текот на сите години значаен придонес во оваа дејност, но и многу признанија и награди. Кажете ни околу ова?

-Секако дека нашиот придонес во оваа дејност не изостанаа, тука се голем број на признанија и награди на локално ниво. За мене многу значајна  наградата која ја добив на интернационално ниво,каде учествуваа учесници од цел свет. Тоа беше моето учество на натпреварот за KONIKA MINOLTA 2005 – World Print Quality Contest  за изработка на фотографии кој се одржуваше во Варна Бугарија. Натпреварот се состоеше од развивање на филм, па до лабораториска дигитална обработка на истиот. На  дадена опрема еднаква за сите натпреварувачи,потребно беше да се обработи фотографија. На тој натпревар  од четири можни награди  ги освоив сите,  одлучиваше меѓународно жири.  Тоа значи дека нема протекција и слично. Со ова би истакнал, нашата работа (занает)не е само фотографирање свадби и слични церемонии. Тука спаѓа и делот на успешно разивање на филм и обработка на сликите. Би кажал  дека фотографијата е фокусот на моето  интересирање, особено дигитална лабораториска обработка на фотографија. 

Дали традицијата во оваа дејност  продолжува? Вашата ќерка Марија исто така вредно работи во “Фото Илчо“. Кажете ни околу ова?

-Гордо кажувам дека мојата ќерка Марија сега студент на информатика, вредно работи во оваа дејност, заинтерсирана е за се. Таа има голема љубов кон фотографијата. Така од една фотографија сликана додека доаѓаше од училиште дома во средно, која ја испрати на конкурс „Културно наследство“  освојува прво  место во Европа и четврто на светско ниво. Наградата и беше свечено доделена од претседателот Ѓорѓи Иванов  на свечен начин во Министерсвото за култура. На фотографија која делува безвремено има само квака на стара порта. Таа  се најде и во алманахот со сите други фотографии на натпреварот. Оваа фотографија  гордо ја чувам во мојата канцерија. Тука би ја истакнал и поддршката мојата сопруга, без која нема успех во секоја работа, па и во оваа.Со поддршка на семејството на професионален и приватен план Илчо Ќурчиевски може само да се гордее на јубилејот 25 години, а Фото Илчо ќе ја продолжува и понатаму семејната традицијата. Им посакуваме уште многу јубилеи.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »