Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево со мала до умерена облачност, попладне можен дожд

Денес, четврток, 17 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 28°С.

Утре, петок, 18 септември, во Битола времето ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер, кој особено ќе биде изразен во западните и северните делови. Во јужните делови ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд. Температурата во Битола до 28°С.