-Општина Битола, градската библиотека “Св. Климент Охридски“, Македонското научно друштво и Центарот за култура организараа поетско музички рецитал, насловен како “креативен летопис“ на Димитар Димитровски –Такец, по повод 88-години живот и неговото 70 години сестрано творештво, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Во малата сала на Центарот за култура беше одржан поетско – музичкиот рецитал и креативен летопис на Димитар Димитровски – Такец каде беше претставена неговата сестраност како автор, уметник, културен деец, новинар и спортист, вели Миновски, и додава дека Такецот сам ја осмислил уметничка програма исполнета со дела на Шуман, Дворжак, Шопен, кои во придружба на проф. м-р. Мери Кавкалевска Стоилкова ги доближи до пошироката јавност.
-Настапи и Јасмина Димитровска, академски вокал а воедно и внука на Димитар Димитровски Такец, а за колегата зборував и јас, вели Миновски и додава:
-Ова беше одлична замисла на институциите од културата и Општина Битола, и треба да се најде начин ваквиот начин на претставување на битолчани кои оставиле трага во општествениот живот на градот, без разлика на која професија и припаѓаат пред битолчани за и младите се запознаваат со делата на своите сограѓани.
Новинарот, поет и писател, ликовен уметник, познат во јавноста како Такецот, најголем дел од кариерата ја мина во весникот Нова Македонија, почина во мај 2015 година.

Деновиве пред 10 години: Битола во чест на Такец во 2010 година, во иднина и за други битолчани
More from БитолаMore posts in Битола »
- Матурантите од Горната од Битола на заслужена матурска прослава (фотогалерија)
- Никола со филмско сценарио и со три музики на “Магнолија“ во Битола ја запроси Алвона, а таа кажа ДА (видео + фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
- СВР Битола: одземено возило “опел корса“ на Булеварот, со “пежо“ излетале од патот поврден сопатник, пронајдена стара граната
- Отворена “Спомен куќата на Гоце Делчев“ во Битола и одбележани 122 години од неговата смрт (фотогалерија)