Press "Enter" to skip to content

Стопанска банка а.д. Битола – пријател на градот, поддржувач на “ТРЧАЈ БЕ“ 

Стопанска банка а.д. Битола повторно беше спонзор на значаен спортски настан, овој пат во Битола.

Веќе препознатлива по поддршката која ја дава за развивање на спортскиот дух и спортската култура, Стопанска банка а.д. Битола покрај тоа што е единствената банка која е спонзор на Скопскиот маратон и Женската трка, оваа година, банката ја поддржа и учествуваше на трката ТРЧАЈ БЕ.Голем број на учесници, одлична атмосфера и голем број на поддржувачи вчера беа дел од трката која му даде посебен сјај на Широк Сокак и на градот Битола.Стопанска банка а.д. Битола со повеќе од 70 години традиција секогаш била и останува голем поддржувач и пријател на Битола, на бројни настани, убави случувања, организации и институции во градот.