Доцент д-р Невена Груевска е нов претседател, и прва жена претседател на Македонско научно друштво-Битола. Одлуката за избор на д-р Груевска е донесена на редовно изборно Собрание кое се одржа на 29 септември во пациото на битолскиот Музеј.
Членовите на изборното Собрание на МНД-Битола едногласно го усвоија Извештајот за работата на МНД-Битола во периодот 2018-2020 година кој го презентираше досегашниот претседател, проф. д-р Марјан Танушевски, и исто така едногласно изгласаа во наредниот две годишен период, функцијата потпретседател да ја врши вонреден проф. д-р Сашо Кочанковски.
Со одлука на членовите на Собрание на МНД-Битола, избрани се и нов состав на Управен одбор, Уредувачки Совет, Надзорен одбор и Етичка комисија.

Доцент д-р Невена Груевска, нов претседател на МНД-Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- DJ Krazy Slave Keleshovski, Ile The Hair и Николче Терзиевски го враќаат звукот на “Орфеј“ на “Ретро журка No 8“ во “Расчекор“ во Битола
- Со концерт на проф. д-р Илчо Јованов и неговите студенти започна 11. фестивал “Хармониките“ во Битола (фото)
- Промоција на “Кажа ДА“ на “Кажи, кажи, Широк сокак“ на група “Деспина“ од Битола (фото + видео)
- Мини Трчај Бе создава нови атлетичари • започна едномесечната бесплатна школа
- СВР Битола: две приведување, тројца приведени за марихуана





