Press "Enter" to skip to content

МКЦ – Битола започна со реализација на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности“ (YEEP)

Младинскиот културен центар – Битола започна со реализација на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности“ (YEEP), на кој главна цел е да ги подобри изгледите за вработување и активно учество на пазарот на трудот на ранливите и загрозените млади од Битола.

Младинскиот културен центар – Битола преку овој тригодишен процес на невработените им  нуди обуки за основни животни вештини, обуки за вработливост, кариерно советување и коучинг, курсеви за стручна обука и соработка со локални институции и бизнис сектор.Во оваа иницијатива ќе бидат вклучени младите луѓе на возраст од 16-35 години со тешка семејна историја, социо-економски исклучени семејства (сиромаштија, невработеност, злоупотреба, употреба на дрога, криминал, миграција, болест, етничко малцинство, итн.) и млади од алтернативна грижа,

Бизнис секторот кој ќе биде вклучен во програмата со цел да ги развие своите капацитети за работа со млади во ризик, како и институциите: ЦСР- Битола и АВРМ- Битола (примарни), средни училишта, факултети, општина Битола…Проектот се спроведува како резултат на соработката меѓу Младински културен центар- Битола и СОС Детско село.

Проектот е финансиран од три донатори (германското сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и СОС Детски села интернационал, Фонд Херман-Гмајнер Германија (HGFD), а се спроведува во пет земји од Западен Балкан од страна на националните здруженија СОС Детски села кои соработуваат со локални граѓански организации. 

More from ВестиMore posts in Вести »