Од минатогодишното прво издание на градската трка “ТРЧАЈ БЕ“ во Битола, “ЈК ТРАВЕЛ“ е компанија која го поддржува трчањето и настаните кои тоа го промовираат. Целта е да се афирмира рекреативниот спорт, особено оној кој не бара многу средства или услови, а влијае позитивно врз здравјето на цели генерации.
-Во настанот “ТРЧАЈ БЕ“ во Битола, препознавме идеја и концепт кој многу ни се допадна и им ја дадовме довребата уште во првата година. Откако се случи првата трка, знаевме дека е ова настан кој дефинитивно треба да се продолжи да се поддржува. Учествуваме како спонзори и за врвните атлетски ѕвезди, но и за оние кои ги прават привите чекори во трчањето како рекреативен спорт, ни изјави Елизабета Кочева Јосифовска од Туристичката агенција “ЈК Травел“ и додаде:
-Она што особено не радува е што и минатата година и оваа година, имаме и наши учесници во трката. Едвај чекаме организаторите да направат и штафета за екипи и тогаш сигурно ќе победиме,
Една од убавите точки на самата патека, беше и пред агенцијата на “ЈК Травел“ во Битола, а улицата “Добривоје Радосављевиќ“ , каде овој спонзор организираше точка за забава и бодрење на натпреварувачите. Организирани со ди-џеј Сашо Спект за да има добра забава, свежо цедени сокови и кафе од “Трицикло“, доколку некој посака, многу гости и случајни минувачи кои тука застанаа и ја следеа трката. Забавата продолжи и по завршувањето на трката.
Маркетиншкиот ефект од спонзорирањето е изразито видлив, особено ако станува збор за настан каков што е “ТРЧАЈ БЕ“.
-Колку повеќе градот и комапниите се свесни што ова носи за градот, како спортски туризам, затоа што имаше бројни учесници од други градови, па хотелите беа целосно полни, рестораните и кафетериите работеа со полна пареа, а сепак во ограничени околности заради КОВИД – 19 кризата, проценките се дека ако нема такви пречки, ваков настан може итекако да носи профит во многу сектори, не само во туризмот, додаваат од “ЈК ТРАВЕЛ“.

“ЈК Травел“ со поддршка на трчањето и здравиот живот
More from КомерцијаMore posts in Комерција »