Работна посета на хотелот “Молика“ и ски центарот “Копанки“ на Пелистер, над Битола, беше реализирана во текот на викендот од страна на генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и претставници на РЕК “Битола“, “Елемтурс“, “Молика“ и на фирмата ќерка на ЕСМ, ФОД
Битола.
Целта на посетата беше запознавање на раководството на компанијата со состојбата на хотелскиот комплекс на Пелистер, Битола, по завршувањето на летната сезона, во текот на која се искористија значаен број државни ваучери за туризам од страна на граѓаните.
На средбата беше разговарано и за извршените подготовки за успешна реализација на претстојната зимска сезона, како во инфраструктурата хотелот, така и во ски-центарот. Нотирани беа активностите кои се уште треба да се спроведат, за што на располагаше се ставаат внатрешните ресурси на компанијата, односно соработка меѓу сестринските фирми на АД ЕСМ и пружање меѓусебни услуги согласно нивните специфики на работа.

Хотелот “Молика“ и ски-центар “Копанки“ со подготовки за зимската сезона
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- “Мостови на пријателство – танц што обединува“ меѓуучилишен танцов натпревар во Битола (фотогалерија)
- Универзитетското студентско собрание на УКЛО Битола распиша конурс за “УКЛО тривиум 2026“
- Нова планинска патека на Пелистер, од Цапари до Цапарска пресека





