Press "Enter" to skip to content

САМОДОВЕРБА Проект за поттикнување на позитивна енергија и квалитетно ментално здравје

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ќе реализира серија на статии кои ќе ги објавува “Bitolanews“ – Битола,  со кои веруваме дека заеднички позитивно ќе влијаеме во креирање на подобра
самодоверба кај населението во РС Македонија.

Почитувани читатели,

По успешната соработка на проектот “Комуникациски Вештини“ реализиран од страна на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и “Bitolanews“ – Битола, по барање на читателите, а на наше големо задоволство, повторно ќе бидеме со вас. Имено преку циклус на статии во следниот период ќе зборуваме за самодовербата како важен дел од животот на секој еден од нас.

Како активни чинители во општеството, нашата основна цел е да внесеме дополнителна доза на позитивизам преку креирање на здрава самодоверба и позитивна енегија кај сите граѓани.

Денеска живеееме во време на Ковид-19 криза и глобална пандемија која придонесе луѓето да имаат расколебана самодоверба. Наоколу секојдневно гледаме комплетно несигурни лица кои се производ на самата неизвесност предизвикана од немирот во себе кој е резултат на денешната криза.Преку неделни објави ќе ви сугерираме и покажеме пат, како да стекнете самодоверба, како да го победите стравот, заеднички како да научиме да бидеме посамоуверени и да се ослободиме од негативните влијанија и механичките блокади кои не спречуваат да бидеме успешни во животот.Мотивацијата за овие статии ми беа сите оние кои секојневно ги среќавам во моето опкружување, а се со уплашен поглед кој зрачи страв и интровертност.

Затоа, мојата цел на пишување на овие статии е позитивно да влијаеме на себе.

Па ајде заедно да научиме да се подобриме себе си и да бидеме успешни!

Читајте не секој петок.

Напомена: Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.