Press "Enter" to skip to content

Во “Плинмонт“-Битола проверка и полнење на авто-клими само за 10 минути

Возачите на автомобили и лицата кои се возат со нив, за време на летни горештини знаат колку е нервозно да се биде во автомобил кој нема исправен клима уред, посебно во Битола. Токму затоа за да излезе во престер на сите битолчани, специјализираниот сервис за одржување и поправка на авто клими, “Плинмонт“ од Битола, набави нови машини, за што велат:

-За да им излеземе во престер на нашите муштерии од Битола и од околните градови, и да не се задржуваат по горештините во сервисот подолго работиме со пет машини за полнење на фреон за сите видови на автомобили и товарни возила, со кои работаат обучени и квалификувани мајстори. 

За оние клима уреди кои имаат поголем дефект, од “Плин монт“-Битола, велат дека ги поправаат за најбрзо време, бидејќи ги имаат на лагер сите резервни делови.

Од “Плин монт“ истакнуваат и дека не прекинуваат со монтирање и поправка на автогасните системи од марките: “Landi, “Landirenco” и “Lovato”, кои важат за едни од најдобрите светски автогасни системи, а како се снаоѓаат сега, кога конечно температурите почнаа да се зголемуваат и во возилата се користи клима, од таму велат:

-Како што рековме испитувањето и полнењето на клима системите го правиме веднаш и трае десетина минути, а поголемите поправки се трудиме да ги закажеме за да нема непотребно чекање во сервисот, го дијагностицираме дефектот и закажуваме за најбрзо време.