Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“ Битола: митрална регургитација, срцева мана

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за митрална регургитација, за што вели:

-Митралната регургитација претставува срцева мана каде доаѓа до враќање на дел од крвта од левата комора во лева преткомора за време на систола. Етиолошки можи да е поради структурни вродени и стекнати промени на митралната валвула како прележана реуматска треска, кинење на митрален залисток, дилатативна кардиомиопатија, остиум примум АСД, миксоматозно променети залистоци и митрален валвуларен пролапс итн.Оваа болест се манифестира со повремето на настанување имаме акутна митрална регургитација со брза појава и силна клиничка манифестација на гушење, замор  хемодинамски нестабилност често развој на акутна срцева слабост-белодробен едем и почеста хронична митрална регургитација која се развива постепено и почетно има компензаторен период на толеранција од страна на левата преткомора пред нејзината дилатација како подоцнежна  компликација и манифестирање на атријална фибрилација.  Аускултаторно најкарактеристичен е холосистолниот шум над срцеви врв со пропагирање кон аксила.                                  

Дијагноза за процена на тежината со помош на ехокардиографија во клиничката пракса се врши процена на големина на џет во лева преткомора лесна под 20% од лева преткома, средна од 20 до 40% и над 40%големина на џет во случај на тешка митрална регургитација, мерење на вена контракта која под 3 мм е лесна од 3 до 7 мм средна и над 7 мм тежка митрална регургитација, постои и PISA метод на сложени формули кој ретко се користи во клиничка пракса. Индиректни ехокардиографски знаци се дилатација на лев атриум, лев вентрикул, инератриална септално осцилирање кон десен атриум, хипердинамичен лево вентрикуларна функција.                  

За превенција и лекување на оваа болест контролата на крвниот притисок е најзначајна, оперативна замена на митралната валвула е индицирана кај симптоматски пациенти со EFнад 30% и LVESD под 55 мм и кај асимптоматски пациенти со LVESD над 45 мм и E.F под 60%.