Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: трема во тек на  он лајн настава и  како да се надмине

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

“Он-лајн“ наставата говозможи учење на далечина услови на пандемија и социјално дистанцирање. Исто така таа донесе  крупни промени во наставата и воспитно образовниоѕт процес. Учениците реагираат на различни начини. Додека на некои им  одговара, постојат други кои многу повеќе сакаат да се вратат во улилиште. Некои ученици го доживуваат стресно, имаат трема, срам, непријатност  и се плашат да одговараат, да се вклучуваат во дискусии… (исклучена камера)

Многу често родители ми го поставуваат прашањето  

Зошто се јавува трема кај некои ученици при он лајн  настава?

Одговорот е комплексен и постојат неколку причини:

-Реакција  на соучениците.  Дали ќе им се потсмеваат ако погрешат или со изразување на  став при дискусија. Заради несигурност, ниска самодоверба (ако имале претходно непријатно искуство на потсмев, подбивање и сл.)

-Од наставникот да не погрешат, нема да знаат на тест,да добијат помала оценка,

-Од очекувањата на родителите кога наставата е од дома и се плашат од реакцијата на родителот, како одговараат, да не ги разочараат. Нивните очекувања,кои може да ги доживуваат како превисоки (за да не ги разочараат).

Поставете со прашање :Дали како родител очекувате премногу од своето дете?

-Какви пораки му праќате свесно, но и несвесно.

Тоа значи дека свесно му кажувате дека се во ред, но на несвесно ниво (кое детето интуитивно го чуствува или гледа во невербалната комуникација)  не мислите така.На свесно ниво

Ова значи родителите можат да му зборуваат на детето : „Се е во ред, Не е важно или не е страшно“…но да не мислат или веруваат во тоа што им го пренесуваат на своето дете. Сепак со невербална комуникација изгледаат дека не се задоволни, лути се… поставуваат прашања од типот:

-Како другите ученици се однесуваат,прават, еве некој тој и тој ученик не се срами и постојано прашува… „ Како направи твојот другар, или цело одделение?, Што ти рече наставникот?…“

-Со што се пренесува анксиозна порака и додатен притисок врз детето, а да за тоа родителот не е свесен, а ни детето. Размислете како родител што автентично мислите за се и бидете искрени кон себе, а после тоа донесете одлука како сакате да делувате на детето. На кој начин и  што сте ми пренесувале  за чувството на сигурност и несигурност низ воспитувањето.

-Дали  чувствата на несигурност се прифатени во семејството, и како вие се борите против тие чувства?

Бидете емпатични

Споделете со него ситуации кога и вие сте биле на негови години и кога така сте се почуствувале, зборувајте му дека и вам ви било исто така тешко, нормализирајте ја ситуацијата во која сега се наоѓа, дека не е страшна, дека е дел од животот, и дека и денес Вие се чуствувате  слично кога на работа ќе ви кажат дека сте погрешиле, кога имате краток рок и не сте стигнале да направите тоа што требало…

На несвесно ниво

Се мисли на невербалната комуникација. Родителите понекогаш имаат систем на вредност во семејството дека е важно да се биде „добро дете“ или тоа се поистоветува или значи „добар ученик“. Што кога тоа не е така? Што правите? На тој начин ќе видите дека тоа е преголем притисок кој се пренесува, а на свесно ниво не сакате да го пренесувате.

Исто така овие знаци на трема, напријатни чувства, страв сте ги приметиле кога тргна наставата од  дома.

Зошто тоа е засилено од дома?

Запрашајте се дали сега има поголем страв од вашате реакција и вашите коментари, дека му е непријатно од вашата  помош присутност при учењето, бидејќи така му  е постресно, дали сака да не ја изгуби добрата слика во вашите очи/ да не ве разочара?

Ако некои од одговорите на овие прашања се потврдни тогаш нагласувајте му дека во ред е да погреши, дека и натаму го сакате, дека е добар, паметен ученик и дека оценките се само бројки. Една или повеќе оценки не зборуваат за неговата вредност и способност, наградувајте го трудот, без оглед на оценката…

Обрнете внимание и на:

Вашето однсување кога треба да му помагате во учењето.  Да се контролирате бидејќи и Вам како родител во овој тежок период на пандемија заради економска криза, изолација, и слично се чувствувате  стресно.  Можеби напорно ви е кога треба да му помагате во однос на домашните задачи од училиште, го притискате, го повишувате тонот и сл. Тогаш добро е да пронајдете некое решение и да побарате помош од друг во семејството, да му помага при учење ако има потреба.Во ред е и подобро да  му кажете „Се чувствуавам  уморно немам време, ова ми е напорно и двата сме напнати кога ги работиме домашните задачи? Дали ќе ти биде полесно да ги работиш домашните без мене, јас  само да прегледнам подоцна. Потоа контролирајте тоа што научил, на интересен начин низ игра, со истражување…

Тука треба да се разгледува и опција ако со повеќе учење детето  стекне поголема сигурност во своето знаење, ќе се надмине тремата и непријатните чувства кога одговара при  он лајн настава.

 Важно

-Не му зборувате „Не треба да се срамиш, види го тој и тој ученик како не му е воопшто тешко…

-Не го притискјате дека мора да се вклучува, учествува во дискусии.

-Подржувајте го и соработувајте со него.

-Бидете емпатични со детето, разговарајте за чувствата за нив ако сака да зборува за тоа.

Исто така зборувајте му дека е ова е привремен период кога заради пандемија треба на ваков начин да се одвива наставата од дома. Кога ќе помине и ќе се врати на старите обрасци на однесување во училиште.

-Не барајте други оправдувања и не му кажувајте дека  он лај  наставата не е во ред или наставникот бидејќи врз промена на тоа понекогаш не можете да делувате.

-Можете само со правилно насочување да се обидете да делувате врз однесуваањето на вашето дете кон тоа.

Обратете се кај психолог  за помош бидејќи низ разговор и детали се открива суштина која не може  се знае однапред.

More from СоветиMore posts in Совети »