Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“ Битола: струма или гушавост

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за струма или гушавост, за што вели:-Струма или гушавост претставува зголемување на обемот на тироидната жлезда. Причините се различни од намален внес на јод со храна, општа малнутриција, присуство на антитела кон рецепторите за ТЅH, вродено намалена синтеза на тироидни хормони, некои бактерии во храна како e. choli, clostridium perfringens, некои цитостатици итн. Клинички постојат естетски проблеми, компресивни кај големи струми, компресија на крвен сад со појава на цијаноза, компресија на езофагус и трахеја со појава на гушење и нарушено голтање, компресија на n. recurens со засипнатост на глас.   При дијагностицирањето покрај инспекција и палпација на тироидејата примена наоѓа ехо прегледот при кој точно се утврдува зголеменост на тироидната жлезда, дебелина на истмус и лобуси како и присуство на придружи патолошки промени,како и  примена на скен со технициум. За да би ја определиле и функцијата задолжително е испитување на TSH, FT4 и АТ-ТPO бидејќи можи да имаме хипер, еутироидна или хипотироидна гушавост.За превенција и лекување на оваа болест, д-р Чипуровски вели дека превентивно најзначајно е внес на јодирана сол во храната, внес на селен присутен во бразилски, индиски ореви, јајца, пилешки гради. Терапевски можно е давање на минимални дози тироидни хормони а при големи струми и хирушки третман. Најважни се честите контроли со цел избегнување малигнизација на струмата.

More from СоветиMore posts in Совети »