Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана од давење со двете раце

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога напаѓачот ве напаѓа од назад, при влегување во автомобил, со примена на техника од реален аикидо.

Одбрана од давење со двете раце, однапред се состои прво така што правиме “лажно“ движење во лево, и со десната рака ја фаќаме левата рака на напаѓачот, во пределот од зглобот. Истовремено додека левата рака фаќа некаде во пределот на малиот прст. Потоа правиме нагло движење во десно (држејќи ја левата дланка на напаѓачот со двете раце), правиме движење со десната нога-назад десно, истовремено ротирајќи ја дланката на напаѓачот во правец долу назад, го ставаме напаѓачот под контрола.

На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо, кои се снимени во поранешниот филмски град во Битола.

More from СоветиMore posts in Совети »