Press "Enter" to skip to content

“Body M“ во Битола е официјално продажно место за “ЕРА“ козметика.

 

Од сега и во Битола може да се најде “ЕРА“ козметика“, бренд основан од познатата македонска музичка ѕвезда Елена Ристеска, позната и како ЕРА. Како уметник кој бара совршенство во се, Елена го започна патот за создавање на козметички бренд кој ќе ја пренесе нејзината единствена уметничка визија во уникатна козметичка линија посветена на оние со специфичен стил и силно чувство за индивидуалност.

Елена пронајде во себе страст и посветеност за создавање на единствена колекција производи за убавина, еднаква на страста и посветеноста кон музиката која ја донесе на врвот во музичката индустрија. Нејзиниот нов интерес на полето на козметиката само ја надополнува нејзината посветеност на музиката, која останува нејзина прва љубов и приоритет во животот.

-Пред неколку години, приказната за ЕРА беше само сон и желба. Да се биде уметник и пејач скоро две децении, со многу концерти, емисии и настапи, многу фотосесии и видеа, снимање реклами како бренд амбасадор, заштитно лице на различни брендови, сето тоа бара негуван изглед и постојано вложување да изгледам најдобро. После долгогодишно пребарување на совршен бренд во океанот на различни брендови за козметика, никогаш не најдов козметичко решение кое целосно ќе ги исполни моите очекувања и ќе ја надополни мојата природа, па решив сама да ја создадам“, така ја започнав мојата ЕРА симфонија вели Елена.

Ви го претставуваме женскиот парфем ЕРА со мирис на егзотична цветна хармонија. Гламурозен и восхитувачки, кој носи еден нов концепт на женственост. Оригинален и мистериозен мирис за моќни жени со изразена индивидуалност, кој можете да го набавите во “Body M“ во Битола.