Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: дали маските ќе не оттуѓат и остават последици врз нас?

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Уште пред пандеимјата луѓето на разни начини беа оттуѓени едни од други. Некои од причини кои ги објаснува психологијата на објектни односи

ЗАВИСНОСТ

Често може да измеша со голема љубов,пожртвуваност, жртва како  во партнерските односи, така и во родителските односи. Живевме,или сеуште живееме  во култура на “пожртвувани родители“ кои се зависни од своите деца, а тоа често го нарекуваат голема љубов и на тој начин ги спречуваат да се развиваат или заминат од нив. Наизглед надворешно потребите не децата ги ставаат испред своите со чести реченици:„Цел живот им го посветив на децата/ се им дадов…“ врзувајќи ги со чувство на вина кон себе. Длабоко внатре тие ја ставаат својата голема потреба да бидат постојано врзани за некого, и се обидуваат да го надокнадат чувството кое им говори дека не можат сами, или дека тие се оние кои  мораат да држат се под контрола, Сличен е моделот на однесување и во партнерските односи.НАРЦИЗАМ

Често се меша со голема љубов кон себе, а всушност претставува неможност за остварување на љубов кон себе, кога е потребно постојано да се биде надмоќен во однос на другите (партнери, колеги, семејство,пријатели…) за да постојано на себе се докажува љубов и вредност. Целта е добра, но средството е погрешно, води до се поголемо чувство на помала вредност.

Или за да ги избегнат двете опции, постојат личности кои воопшто не влегуваат во односи со другите и не вложуваат енергија во тоа – апатија. Таа претставува неспособност за поврзување со објектот кој може да биде друга личност, цел во животот, професија…

Со психотерапија, во контакт со психотерапевтот кој нема да биде ниту апатичен, ниту контролирачки, личноста ќе учи како да биде сакана, како да сака и како да се сака себеси низ реализирање на долготраен контакт со терапевтот, кога ситуациите се анализираат во безбедно опкружување…

Да сфати дека низ  ЕМПАТИЈА  – која пак означува взаемност, способност за оптимална дистанца и слобода во односите. „Можам да бидам со тебе и да останам свој,  и ти исто така да останеш свој. .“ Тогаш сме ПАРТНЕРИ  одвоени личности, кои соработауваат, кои заедно чекорат, растат и се развиваат во меѓусебен однос.Пандемијата и социјалното оттуѓување

Долг период на  пандемија и препорачаните ригорозни мерки слушаме и гледавме пораки кои ни  сугерираат да избегнуваме ракување, прегрнување, бакнување, допири… да  не се дружиме,  Да држиме дистанца од два метри, постојано носиме маски..

Се поставува прашањето дали  пандемијата со изолацијата и забраната за физички контакти и тактилен допир, ракување, гушкање, прегратки ќе остави последици врз нас и ќе не оттуѓи уште повеќе еден од друг во иднина ?

Мерките за забраната  физички контакти, тактилни  допири кои ги донесоа мерките за заштита од корона вирусот, најтешко ги поднесоа:

-Лицата од возрасната ризична група, постарите луѓе на кои им беше и е скратен контактот со децата, внуците, и со постари пријатели. Постарите се  ранлива група на повеќе начини. Тие не размислуваат за  иднината на начин како и младите, да планираат на подолг период некои големи потфати, кои бараат сила.  Заради тоа она што ги држи мотивирани за живот и најзначајни се всушност контактите со најблиските (децата, внуците)

– Освен тоа тука се и децата  на кои им скратена спонтаната игра во градинка, училиште, дружењата на родендени. Тоа се  децата од училишна возраст  во одделенска настава кои физичкин присуствуваат на настава, но не смеат да се гушкаат, комуницираат со маски, да се дружат на дистанца. Во нивниот невин свет тоа е многу тешко.

Тинејџерите пак комуницираат повеќе на социјални мрежи во виртуелен свет кои може и повеќе да оттуѓува. На сите овие групи  не им е лесно да се носат до фрустрацијата и затоа многу е важно колку што е можно повеќе да им се посвети внимание. Како родители, да се играат со нив, да разговараат со нив за нивните чувства и да ги вклучат во се што можат да ги вклучат, да го контролираат времето пред екрани и технологија.

-Мерките на претпазливост, како култура, не погодија посилно, бидејќи нам ни беше ускратено и нешто што е дел на нашиот темпермент, а темпераментот не она што го учиме или усвојуваме. Туку ни е вроден. ако се земе во предвид дека по природа сме потемпераментни и имаме навика што почесто да се прегрнуваме и да се бакнуваме при средбите со луѓето или при честитања на прослави. (припаѓаме на народи од Балканот –  кои по темперамент сме слични и со припадниците на културите на Медитеранот, кои имаат и навики на поблиски контакти за разлика од Јапонија, скандиваските земји и други).Виртуелниот свет го зеде данокот што се однесува на дружење, блискост и допир. 

Социјалните мрежи на еден начин не поврзуваат, но на друга не отуѓуваат. И сега додатната социјална изолација уште поваќе не усмери кон виртуелен контакт, во кој допири има само во фантазијата. Меѓутоа се што потискуваме ќе исплива,излезе на површина

Важно !

Ако знаеме  дека нешто ќе помине и е за одредено врeме тогаш имаме и психолошки капацитет да се носиме со она што го носи со себе велат психолозите.

“Ќе се  изгушкаме како никогаш досега кога пандемијата ќе помине“!  Тоа е реченица која мора да ја имаме на ум, која можеме да им ја изговараме на пријателите и блиските од кои сме одвоени.

Со овој позитивен  начин на размислување кој  ќе делува   утешно и исцелително, претставува единствен вид противотров за целиот страв од блискост и допири кој ни беше всадуван овие месеци во изолација – физичка и социјална.

Во  процес на заздравување кој се надеваме дека ќе  следи, кога пандемијата ќе се стави под контрола и  кога мерките на претпазливост ќе поминат, важно е да го надокнадиме пропуштеното. Првенствено тука се мисли на социјално дружење, блискост и допир, гушкање, бакнување)

Мора да се превземат и мерки на исцелување на општествената клима.Сигурно е дека стравот од ракување и прегратки ќе не прати и понатаму. Тоа може да се надмине  со нагласување на значењето на допирот и афирмативен позитивен став кон блискост во дружењата, кога опасноста ќе помине.

Допирот има многу значења:

-Допирот е многу важен не само што ни прави да се чувствуваме убаво, пријатно.

-Допирот значи: поддршка, утеха, сила.

-Кога трајно би останале без можност на спонатано допирање, тоа ќе делува многу негативно врз нас како човечки вид.

-Ќе станеме поагресивни, со помалку капацитет да се справуваме со фрустрациите, и непријатните чувства.

-Ќе станеме многу помалку чувствителни на другите и ќе си праќаме кон себе пораки дека поврзувањето со луѓето е опасно.

Сигурно не би сакале да одиме во тој правец на лошо, грдо сценарио.

More from СоветиMore posts in Совети »