Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана од напад на двајца напаѓачи

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога сте нападнати од двајца напаѓачи, со примена на техника од реален аикидо.

Одбрана од напад од двајца кога едниот напаѓа од напред, правејки обид со двете раце да не дави, додека другиот напаѓач во исто време тргнува со напад зад насиот грб. Одбраната започнува со тоа што првиот напаѓач го удираме со десна рака во пределот на неговата брада, во исто време левата рака ја поставуваме под неговата пазува, а тоа е подготовка за изведување лост врз неговото десно рамо за завртуваме во десено назад. Другиот напаѓач го пресретнуваме со удар со десната нога (удар во страна) во пределот на неговиот врат. Одбраната ја завршуваме со лост врз десното рамо на првиот напаѓач и го контролираме и со уште еден лост врз неговиот врат со нашата десна рака.

На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо, кои се снимени во поранешниот филмски град во Битола.