Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: сексуално насилство – табу тема

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Да проговориме за сексуалното насилство со едукација, свест и знаење за траумите!

Сексуалното насилство е табу тема. Сексуалното насилство е најсурова,страшна мрачна тајна за која се молчи, и таа е нeкаде таму и често останува забележана единстевно во црните хроники. Овие денови со оддек во медумите како да се отвори пандорината кутија кога жртва проговори за своите непријатни искуства на сексуално малтретирање. Насилство кое
стана актуелно заради храброста на жртвите отворено да проговорат. Тоа поттикна прашања за сексуалното вознемирување и малтретирање како табу тема на овие простори. Со тоа отвараме дијалози на тешки теми и го подготвуваме цело општество да на информиран и сочуствителен начин да ги дочека идните истапки од овој вид, за да се создаде општествена клима каде овие деликти ќе се превенираат.

Жртвите остануваат скриени заради многу причини. Стручни лица велат дека сексуалните деликти се пријавуваат после одреден период 10-15 години, а причините лежат во психолошки механизми.

Кога траумата ќе се случи детето најпрво чувствува слом, па негација дека се случило, фаза на бес кој може да биде свртен кон себе, фаза на вина… се зависи од тоа како личноста ќе ја преработи траумата. Да се излезе од кругот на насилство е една од најтешките работи кои поединецот може да го направи. Кога еднаш жртвата ќе зајакне психолошки и емотивно стекнува сила да ги обработи  потиснатите содржини. Тогаш се јавува потреба да се пријави
насилникот (сексуален предатор).

Сексуални предатори (насилници)

Ова го покренува прашањето за сексуалните предатори кои можат да бидат и култни личности. Често се заборава дека зад некоја титула, позиција, статус стои сепак само човек. Треба да се прифати дека сексуален предатор можe да биде и успешен музичар ( случај во историја светски познат музичар Мајкл Џексон), потоа писател, сликар, учител, вероучител односно човек од авторитет (статистиката покажала дека голем дел од предатори биле поизнати и блиски на жртвата, а само мал процент непознати на жртвите (10%).

Секое 5 дете до своето полнолетсво преживува некој облик на сексуално насилство) Сексуалните предатори спроведуваат т.н. grooming или заведување на детето ги испитуваат границите на детето и ретко користат присила, туку создаваат таква атмосфера дека е потполно нормално и дека детео е заради нешто за него посебно.

Како да го предупредиме детето дека таквите луѓе кои најчесто имаат и голем
авторитет над нив?

Една од најважните задачи на родителството е да ги едуцитаат децата за нивното постоење, начини на заштита, да се направи отворена комуникација со детето. Како возрасни и родители на децатa треба да им пратиме порака дека безаусловно ги сакаме и дака сме со нив без оглед на тоа што ќе се случи.

-Да обрнеме внимание на промени во однсување, концентрација.

-Секојдневни разговори со децата е најдобра превентива.

Еве некои препораки од психотерапевтот Билјана Чулафиќ која работи со жртви кои доживеале сексуално насилство.

Децата ги учиме да им веруваат на возрасните кои се тука за да ги подучуваат и заштитуваат здрава мерка на внимание спрема сите луѓе кои се во контакт со деца. Ние не можеме да знаеме како некој ќе се однесува кога е насамо со детето. Здрава и неопходна исто така важно да напоменеме дека и на мали деца и од 4 години да им објасниме дека никој (освен родителите при капање ) – не смее да ги милува, или допира нивните интимни делови, и дека за секој физички контакт треба да имаат дозвола од детето.

Нагласуваме дека треба јазикот да се прилагоди за возраста на детето.

Но и ние мораме да бидеме мирни со тоа и да знаеме дека е нормално ако детето не сака да му седне во скут или да го прегрне ако не сака, да му зборуваме дека е неваспитано или
срамежливо.

Подржувајте го детето да има свои граници и да се држи до нив и дека е сосема во ред со тоа. Како родители бидете внимателни набљудувачи на однесувањето на детето и да обрнеме внимание ако детето се повлекло во себе, се плаши од допири, избегнува да оди на гости кај комшии или роднини (а порано тоа било нормално) се ова можеда биде знак дека сексуално насилство се извршило.

Исто така истакнува „Не му кажувајте на детето ако некој само те допри или направи нешто, јас ќе го истепам… бидејќи има случаи кога некои деца кои преживеале насислство
од страв родителот да не им заврши во затвор ( и тие сами ќе останат без родител) заради тие причини и избегнуваат да им кажат на родителите што се случило.

Да ги прашаме што им се случило, постои ли нешто што ги плаши или зошто се вознемирени.

Важно !

Како општество да се испрати порака на сите кои имаат доживеано такво искуство дека никој не е недопирлив и дека треба да одговцара за своите постапки. На жртвата да и се пружи безрезерван поддршка и емпатија. Емпатија и солидарнсот на исправен човечки начин да истапиме за жртвите кои доживеале сексуално насилство и малтретирање.

More from СоветиMore posts in Совети »