Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: опасности кои демнат на интернет и социјални мрежи

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Во условите на пандемија кога заради физичко дистанцирање и социјална изолација интернетот и социјалните мрежи овозможија витална комуникација. Покрај придобивките од тоа постојат низа опасности кои демнат во виртуелниот свет на овој вид комуникација.

Тинејџерите поминуваат голем број сати пред екрани во текот денот:

-он лајн настава

-комуникација,

-користење на социјалнио мрежи “Instagram“, “Facebook“, “Tik Tok“…

-играње игри на компјутер.

Истражувања покажале дека постојат потенцијални зaвисности и опасности од некои он

-лајн активност, а тоа се:

-интернет зависност,

-децата можат да станат жртви на криминални групи, секти на сомнителни сајтови на интернет, хакери, педофили и жртви на трговија со луѓе (случај „Јавна соба“)

-вовлекување во опасни игри на компјутер со прифаќање на опасни предизвици, (Синиот Кит, Момо ….)

-влијание на ју- тјубери, тик-токери, гејмери

-сајбер насилство

-зависност од компјутерски игри (некои од нив се бескрајни со многу нивоа и поминување саати во игра занемарување на активности од секојденвниот живот)

-кај адолесцентите и зависност од интернет порнографија

-тинејџерите можат да го заменет правиот, реален социјален живот живот со виртуелен свет на он-лајн.Тинејџерите во чувствителен период најчеста жртва на интернет, на сексуални предатори и сајбернасилници заради повеќе причини, поради тоа што на интернет и социјални мрежи се оставаат лични податоци, се постираат фотографии кои можжат да бидат злоупотребени на криминални сајтови (случај „Јавна соба“)

Децата, а најчесто тинејџерита можат да станат жртви на жртви на криминални групи- секти, хакери, педофили и жртви на трговија со луѓе, сајбер насилство претставува врсничко насилство (насилство се префрла од реалниот свет во виртуелен сцвет на интернет, со размена на груби, навредливи, зборови, вулгарности и закани.

Родителите треба да се свесни и предупредени дека постојат многу деструктивни сајтови кои младите, а особено тинејџерите ги посетуват заради нивната лесна достапност.

Тука се замките на интернет предатори кои ги демнат своите жртви на интернет и кои обично ги вмрежуваат во групи каде комуницираат меѓусебно и некои од нив заради разни причини најчесто: осаменост, несигурност, повлекување, недостаток на самодоверба и храброст. Најчесто можат да паднат под негативни влијание на деструктивни личности (сајбернасилници) кои им задаваат задачи или предизвици кои им ги налагаат или на компјутер или преку телефон (со порака или повик најчесто во доцни ноќни сати). Тие се најчесто проследени и со закани што се надоврзува на сајбер насилстсво кое се шири со поттикнување на агресивност кон себе или кон други личности или животни. Или ширење на зло кон другите или кон себе обично со самоповредување.Тинејџерите најчеста жртва заради повеќе причини:

-деструктивни содржини се опасности која и понатаму демне на интернет, се разбира потенцијални играчи се тинејџерите кои сакаат,

-возбуда (која им недостасуава во секојдневниот живот)

-авантури и да пробуваат нови работи

-покажување храброст,

-заради осаменост во секојдневниот живот наоѓаат пријатели во виртуелниот свет обично приклучувајќи се кон групи (меѓу кои и сомнителни) заради играње на игри или чет.

Во комунакицијата во реалниот свет некои тинејџери се чувствуваат несигурно, осамено, се повлекуваат во себе и тешко воспоставуваат контакти во реалниот свет заради срам, несигурност, страв од одбивање … Заради тоа најчесто овие личности од т.н.„ ризични групи“ се изолираат и воспоставуваат виртуелни контакти на интернет и на социјални мрежи со што стануваат жртви на сексуални и други предатори.Тинејџерите се во опасност бидејќи:

-со фаза кога се загрижени во пронаоѓањето на својот идентитет и опседнати со својот надворешен изглед. Во тој специфичен период надворешниот изглед им е мошне значаен сметајќи дека е и предуслов за успешен живот, (поставување на фотографии кои се експлицитни, секси за кои и сметаат дека им носат лајкови и поголема популарност)

-во друга крајност многу често заради неприфаќањето на своето тело која е и основа за ситно самоповредување која го поттикниува играта, па до врежувањето на симболите во краен случај – самоубиство.

Постојат и низа на сајтови со проблематични и опасни содржини кои се лесно достапни за тинејџерите, а родителите кои и не се компјутерски образовани тешко дека ќе можат да ги контролираат. И кога се појават случаи кои подлегнале на ова тогаш се зборува само за последиците, а не и за причините.

Влијание на „ тик токери“ “гејмери“, “јутјубери“ „инстаграм инфлуенсери“ нови идоли децата и тинејџерите, милионски фанови (следачи) на тик токери, ју тјубери, гејмери се новите идоли на денешните генерации.

Само може да се претпостави колкаво е нивното влијание и можност за манипулација. Злоупотребите се големи, а можноста за родителска контрола готово никаква. Заради тоа децата од најмала возраст треба да се едуцираат да бидат претпазливи на содржините кои ги следат.Препораки за родители

Најважно ! Контрола на содржините. Родителите не смеат заради разни дневни обврски да ги запостават своите деца и мора постојано да го контролираат нивниот пристап до интернет и содржините со кои се занимаваат нивните деца особено тинјџерите кои се осетливи и поводливи и мета на разни влијаниа преку интернет и социјалните мрежи.

КОНТРОЛА на содржините
-да не се откриваат лични податоци
-да внимаваат какви содржини и фотографии споделуваат
-разговор за нивните идоли на социјални мрежи

Тинејџерите да се воспитуваат на универзални вредности –отворен разговор и вистинска комуникација која во тој специфичен период мора да биде без наредби, бидејќи во тој бунтовен период тешко се слушаат или прифаќаат наредби или совети и колку тие да се поучни за нив. Интерес за содржините кои ги следат. Разговор за теми кои се актуелни прифаќање на мислењето од тинејџерот и кога се донесуваат одлуки да се почитува и слуша неговото мислење за одередени теми.

Поддршка на жртвите од сексуално вознемирување, демнење на интернет. (Ако детето е жртва на сајбернасилници или вовлечено во групи на сомнителни сајтови се побара и даде психолошка поддршка).

Едукација и развивање свест за правилно користење на интернет и социјални мрежи од најмала возраст. Многу е тешко да се каже во кој правец ќе се развива технологијата и таа потполно ќе не обземе. Родителите се свесни дека мораат да им го ограничат времето поминато на интернет, но и сами се збунети од напливот на технологијата. Тоа е една голема цивилизациска промена. Најважно да се развие светс за правилно користење на интернетот и социјалните мрежи, со контрола и едукација како од страна на родителите така и во училиштата од страна на стручни служби- психолози, педагози и наставници, професори низ воспитно- образовниот процес и тоа од најмала возраст.