Press "Enter" to skip to content

Собирање на стари ромски бајки, дел од проектот “Sasas Jekhvar Jekh – Си беше еднаш“ (фото)

 

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола е дел од проектот „Sasas Jekhvar Jekh – Си беше еднаш“ кој е финансиран од Европската комисија преку “Еразмус +“ програмата.Откако се обучија 6-те мултиплаери во Битола и во други места беа пронајдени стари Роми кои знаат ромски бајки, кои би можеле да ги раскажат, во јануари 2021 година, се премина на сензитирање на собирачите со цел процесот на снимање да се одвива без проблеми. Потоа се започна со собирање на бајките.Процесот започна во февруари 2021 година и ќе трае до крајот на март 2021. Бајките се собираат на тој начин што мултиплаерите се среќаваат со раскажувачите и ги снимаат додека тие раскажуваат.Кога процесот на собирање на бајките ќе биде завршен, ќе се спроведе следниот чекор – нивна анализа и категоризација според сличностите и разликите.

Координатор на проектот е германската организација JugendStil e.V.

More from КултураMore posts in Култура »