Press "Enter" to skip to content

Библиотеката во Битола ги додели наградите на најверните читатели (фотогалерија)

Денес во НУУБ “Св. Климент Охридски“ во Битола, во новата сала за промоции беа доделени награите на најверните читатели кои во овој период на пандемија прочитаа голем број на книги, а според директорот на Библиотеката, Бојан Стефановски, околу 30.000 книги.Стефановски за тоа како работеше во услови на пандемија и колку битолчани читаа пред доделување на наградите рече:-Битолчани и во овие услови на пандемија дел од своето слободно време го искористија дружејќи се со книгите од нашата библиотека. Иако ланската година неколку месеци нашата библиотека не работеше, битолчани тоа го надоместија со зголемување на бројот на нови читатели и со изнајмување на книги во двата оддели. Само ланската година од нашата библиотека беа изнајмени над 30 000 книги од сите жанрови. Читателите од секоја категорија се дружеа со жанрот кој нив најмногу им одговара, а ние се потрудивме да ги задоволиме и најпребирливите.Секоја посета на  библиотека не останува незабележана, па затоа НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и оваа година ги награди најредовните читатели.-Секој читател е посебен за нас. Нивната желба за читање на книги од нашата библиотека ние решивме на симболичен начин да ја наградиме, беше речено, а  денес беше искажана и посебна благодатност на министерството за култура за континуираното зголемување и збогатување на книжниот фонд на библиотеката.Беа доделени награди, кои ги образложи Фатма Бајрам Аземовски, а го додели директорот Стефановски, во неколку категории и тоа:– Читател на годината со најмногу изнајмени книги во 2020 година е Жанета Тошеска;

– Најмлад читател со најмногу изнајмени книги е Никола Ицоски;– Категорија – основно образование, добитник е Марија Јоновска;

– Категорија – средно образование, добитник е Ивона Бејковска.– Категорија – возрасни, добитници се:

1. Розитка Тодоровска;

2. Слободанка Ристевска;

3. Споменка Илиевска;4. Сане Момчилов;

5. Славица Тромбева;

6. Белинда Сипкоска Гаштарова.

More from КултураMore posts in Култура »