Во големата сцена која веќе го носи името на Благој Стефановски – Баге на Народниот театар во Битола денес, ќе се одигра премиерата на преставата “Ноќта кога ја убив месечината“, а актерите кои премиерно ќе ја изведат театарската претстава ќе играат пред публика, секако според предвидените протоколи за заштита од ковид-19.
Претставата е инспирирана и работена по “Мостот“ од Лорен ван Велтер, а режисер Марјан Ѓорѓиевски кој воедно ќе биде и актер, а играат Александар Копања и Валентин Светозарев, воедно и сценограф на првата театарска премиера во оваа година.
Претставата ќе биде на редовниот театарски репертоар и ќе се игра секоја вечер од 20 часот, на големата сцена „Благој Стефановски-Баге“, со примена на мерки за заштита од Ковид-19.
Фото: ФБ на НТБ






