Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: техники за асертивно однесување

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Постојат ситуации кога треба вербално да се избориме за себе, било тоа да се наизглед згодни, незгодни или крајно непријатни ситуации. Во зависност од стилот на комуникација кој се завзема дали е тоа пасивен, агресивен или пасивно-агресивен стил на однесување, добро е кога се препознае кај себе и треба да се замени со асертивно однесување или правилен начин на однесување за да се заштитиме во комуникацијата со другите луѓе.

Еве еден пример на ПАСИВЕН стил на однесување и комуникација со другите во кои некои личности ќе се препознаат. Некои личности сметаат дека е потребно секогаш да ги задоволат другите  луѓе, и/или да им попуштаат на другите, и дека не е потребно да размислува за своите потреби над другите. При тоа  да се балансира – да ако некој каже или направи нешто што не ни се допаѓа, треба да се премолчи или да се држиме понасрана во иднина.

Но недореченото останува во душата! Пример: Ако имате проблем да кажете „НЕ“ и тогаш кога реално и  навистина  треба да кажеме „не“… Ако чувствувате како да газат преку вас или ако имате проблем да го држите својот бес под контрола- од голема помош ќе ви бидат асертивните техники.

Наша задача е да им  укажеме на другите личности на нивните мисли, зборови и однесувања -делувања за кои сметаме дека во однос на нас се непримерни и предизвикуваат некој облик на непријатност и при тоа сме се почувствувале искористено. Тука би требало да ни помогне асертивното однесување.

Асертивното однесување допринесува да се зголеми почитувањето на другите луѓе кон нас. 
Не е лесно да се биде асертивен Човекот всушност најмала доза на асертивност покажува кога таквото однесување е неопходно! Парадоксално. Всушност ова има смисла. Примерите покажуваат дека многу е полесно да се биде сталожен во присуство на странци, отколку со некого кого сакаме и кој може да ни се налути ако искрено ги изразиме своите чувства  Но, штом некој ни е значаен толку е поважно да се биде асертивен!

Вежбањето на техниките се состои од соживување во ситуацијата и замислување како ќе реагирате односно што ќе кажете. Овие техники се учат и вежбаат, а се однесуваат на основните типови на асертивно однесување.

Типови на асертивност

-Основна асертивност,

се однесува на завземањето за своите права, убедувања, чувства и мислења. Не вклучува и други социјални вештини како емпатија, конфронтација и убедувања. Пример за основна асертивност: ако некој ве прекине на пола реченица, и вие му соопштувате „Извинете ама сакам да ја завршам реченицата“. Основната асертивност исто така вклучува и изнесување на чувства и благодарност кон другите луѓе. „Ми се допаѓаш“, „Потребен(а) си ми“, Се грижам за тебе. Тука спаѓаат и давање на искрени комплименти кон другите и заблагодарувања.

-Емпатиска асертивност

Таа се однесува на искажување на сочувство спрема друга личност или уважување на ситуации. На пример во текот на важен состанок, две личности меѓусебно разговараат доволно гласно за да не можете да го пратите состанокот. Оваа асертивност се однесува на следната интервенција со мирен тон на обраќање: „Можеби не забележавте, но вашиот разговор не ми дозволува да слушам за што станува збор на состанокот“.

-Ескалирачка асертивност 

се однесува на постепено засилување на сопствените асертивни пораки до крајниот цврст и непоколоблив став кој меѓутоа не е агресивен. Ваков вид на асертивност можеме да користиме во ситуации кога некој од нас нешто бара. Следниот пример го илустрира преминот од емпатиска во ескалирачка асертивност… Седите во кафуле со пријателка и некој човек се обидува да ви плати пијалок. Вашата емпатиска асертивност би звучела: „Многу е убаво што сакате да не почестите, но сакаме да бидеме сами и да се извиниме, Благодарам во секој случај“. Ако човекот и понатаму настојува овој вид на асертивност не е доволна така да и со понатаму инсистира, тогаш легитимно би било да прејдете на следниот чекор со ескалирачка асертација. „Ова е трет и последен пат да ви кажам да не оставите на мир“. Ако ескалирачката асертивност дојде на прво место тогаш тоа можеби би изгледало како агресивно однесување од ваша страна, а асертивнмоста вклучува директна и искрена, но и прикладна експресија на мисли и чувства, затоа некогаш последната реченица во одредена ситуација може да се доживее како агресивна. Договор – кога се најдете во ситуација кога реагирате со крајна ескалација на асертивност, која другиот ќе ја доживее како одбивање, отфрлање и агресивно однесување, тогаш обидете се да ја предупредите личноста дека ќе  дојде до крајно одбивање на неговите  барања, кое однесување може да биде протолкувано како агресивно. Заради тоа  овој тип на асертивност се нарекува договор, бидејќи луѓето најчесто го доживуваат како да се наоѓаат пред склопуваење на пословен договор, кога им се обраќате на ваков начин.

-Конфронтативна асертивност

 се користи тогаш кога другата личност прави спротивно од она што го зборувал дека ќе прави (вклучувајќи го тука и договорот). Во таквите ситуации најкорисно за двете страни е да се соочите со тоа. Овој тип на асертивност вклучува објективно опишување на разликите помеѓу тоа што нашиот соговорник рекол дека ќе направи, и она што всушност направил. На тоа се укажува тек откако ќе сослушаме што личноста сака.  Конфронтативната асертивност може да заврши со прашањето за причините на недоследното однесување бидејќи претходно бил воспоставен договор околу тоа како двете страни ќе се однесуваат. Во таква ситуација го повикуваме соговорникот на решавање на проблемот во настанатиот конфликт. Од друга страна пак агресивната реакција во гореопишаната ситуација би го засилила конфликтот. Би се затворила каналот на комуникација помеѓу двете личности и најверојатно, и двете страни би биле ги незадоволни.

Овие се некои од техниките за асертивност. Треба да комуницираме и тоа асертивно- да ги изразиме своите мислења, идеи, желби, потреби… Не треба да чекаме другите да ги прочитаат нашите мисли. Тоа нема да се случи. Кога асертивноста ни стане навика ќе се запрашате како сте комуницирале неасертивно.

Заради ова вежбајте ја асертивноста: позборувајте со пријател и прашајте на кој начин најчесто реагирате. Дали луѓето ве дсоживуваат како пасивни, агресивни или  со реални одговори  и очекувања. Размислете ако сакате нешто да промените, што ве спречува тоа да го направите.

Во следните објави уште некои техники за јакнење и тренинг на асертивното однесување.