Статистиката покажува дека на планетата Земја, жените “водат” во однос на мажите во бројки од светската популација. Но, во бизнисот, во Европа на пример едвај 30% жени водат свој бизнис. Се разбира не заради тоа што се помалку образовани, помалку иновативни или помалку наклонети кон ризик, или затоа што некои имаат улоги на мајки и сопруги, туку затоа што не се создадени услови на пазарот родови да бидат еднакви. Но затоа на листата на Форбс на најбогати личности на светот, има се повеќе жени и изминатата 2020, имаше 234 жени милијардерки. И богатствата не сите ги наследиле или зголемиле, голем е бројот на жени кои тргнале од мали старт-ап компании кои подоцна станаа мултинационални. На челни позиции во IBM, Facebook, Googlе и Yahooa се жени. Но, се спуштаме на наш терен каде последните две години работиме на будење на старт-ап сцената и поттикнување жени на бизнис, за да бидеме родови балансирани.
Лидија Ангелкова:
-ПРЕДА плус не дозволува статистикте да се испречат на патот на успехот и оваа година продолжуваме со организација на вакви мотивирачки настани. Во изминатите неколку години Преда плус фондација интензивно работи на поттикнување и поддршка на стартап еко-системот во Пелагонискиот регион. Во склоп на четирите стартап програми, кои што ПРЕДА Плус ги реализира во изминатите 3 години година успеавме да реализираме низа мотивирачки настани со исклучителни и силни жени кои со својот професионализам, упорност и детерминираност успеваат да ги рушат сите воспоставени родови стереотипи и предрасуди и да докажат дека во професијата не е важен полот туку знаењето, желбата, напорната работа и посветеноста. Во склоп на мотивирачките настани И ОД БИТОЛА СЕ МОЖЕ(И), ПРЕДА Плус ја започна иницијативата Таа може(и) исклучиво насочена кон мотивирање и поддршка на женско претприемништво, поттикнување позитивни промени кои водат до економско јакнење на жените, поттикнување на лидерството во сите области и создавање на општество на еднакви можности. И покрај тоа што жените се храбри и смели, го имаат потребното образование, сепак тие не се доволно застапени на раководните функции, пред сѐ поради стереотипите и недоволната свесност. Иако законски мажите и жените се еднакви, сепак во бизнисот постои родов дисбаланс. Статискиката покажува дека потенцијалот на жените за водење бизнис во земјава е неискористен, односно само 30% од основачите на фирми се жени. Само 12% жени се на раководни функции во јавни установи, а само 6% се менаџерки во приватен сектор Една од нашите цели е да не дозволиме статистиките да се испречат на патот на успехот на секоја жена.
Катерина Трајковска:
-Жените имаат огромен неискористен потенцијал. Овој потенцијал може да се реализира кога им се обезбедува терен за работа каде условите меѓу половите се балансирани и имаат еднаков пристап за за реализација на нивните внатрешни лидерски вештини што се круцијални за успех во светот на претприемништвото и стартапите. Дозволете им да зборуваат со самодоверба,слушнете ги што имаат да кажат и охрабрете ги во она што го прават.
Честит 8 март и што повеќе успешни жени во бизнисот порачуваат од ПРЕДА плус ФОНДАЦИЈАТА






