Press "Enter" to skip to content

“Боди М“ со поинаков 8-ми март (фото)

Наместо прослави во ресторани и подароци за 8 март, BODY M со две донации за околу 80 старици  згрижени во Домот за стари лица Сју Рајдер во Битола и за 60 девојчиња од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот “Кочо Рацин” од Битола.-Им посакуваме добро здравје и длабока старост, пишуваше во пораката што ја прати со донацијата Милка Акимовски – основач на “Боди М“ до жените во старскиот дом “Сју Рајдер“ во Битола.Директорката Јулијана Котевска во име на установата ја прими донацијата која ќе го разубави секојдневието на жените кои се сместени во овој дом за грижа на стари лица. Во донацијата имаше козметички препарати за хигиена и хемиски средства за дезинфекција, како и препарати за нега на кожа.

-Женските права се човекови прави кои се однесуваат и на младите девојчиња. И за нив се потребни и кампањи и услови кои ќе се занимаваат со нивните права. Ви посакувам да пораснете во образовани и самосвесни млади жени кои на оваа дата ќе гледаат со вистински очи за равноправност и еднакви можности,  пишуваше во пораката што ја прати со донацијата Милка Акимовски до девојчињата во Заводот “Кочо Рацин“.

Сузана Станоевска и Марија Лазароска во име на установата ја примија донацијата која ќе го разубави секојдневието на девојчињата сместени во оваа институција. Препрати за хигиена, витамински суплементи, козметика за девојчиња, облека, играчки и наменски работни листови за деца со пречки во развојот, се дел од оваа донација.-Да враќаме на заедницата и да се грижиме за оние на кои им недостига повеќе внимание и љубов. Благодарност и до сите кои деновиве, кога ги купувавме производите се вклучија и со свој придонес во оваа наша донација “Мултитекс“, “АС креатива 2020“ – Охрид, “Борола“, “Саманта“, Д-р Цивкаровски, “Солис“, “Maxi 1 S“, “Ванеса“, “Oriflame“, “KS графика“ и
Марија Стојкоска, ни изјави Милка Акимовски, основач на “БОДИ М“.