Press "Enter" to skip to content

30 години “Фикамаго“: приказна за успешен семеен бизнис која трае и ќе продолжи да трае (фотогалерија)

Поставениот метална склуптура велосипед која стои и ја  означува „Фикамаго бајк“ во населбата карпош во Битола, го привлекува вниманието на сите минувачи, особено на децата. Сопственикот на “Фикамаго“, Борис Таневски кој продава и сервисира велосипеди, го постави овој метален велосипед во  2011 година, по повод 10 години независна Македонија и 10 години од постоењето својата  фирма. Деновиве 20 години потоа “Фикамаго“ одбележува 30 години  успешен семеен бизнис.Денес традицијата на продажба и поправка на велосипеди  ја продолжуваат неговите деца, двете ќерки и синот. “Фикамаго“ се состои  од почетните букви од  имиња Филип, Катерина, Марија, Гордана Таневски. Покрај нив тука се и Стребра Таневска сопругата и сервисерите на велосипеди Васко Таневски и Петар Марковски. Сите  се вклучени во семејниот бизнис на различен начин.Поразговаравме со сите на  одбележувањето на 30 години успешна работа.  Марија и Гордана достоинствено, но скромно си одбележаа овие 30 години успешни години  со семејството и вработените,  без своите деловни партнери и други гости, заради ситуацијата со пандемијата. Но, со нив како секогаш во животот е нивниот татко, основач на фирмата, сега пензинер, Борче Таневски, кој на прашањето за почетоците во 1991 година, возбудено и  емотивно започна:-Пред точно 30 години на 8 март 1991 година го отворив бизнисот и можам да кажам дека овие 30 години ми поминаа многу брзо како да се 3 години. Се сеќавам дека тогаш мојата ќерка беше родена и на 3 месеци мојата сопруга ја носеше во продавницата. Сега кога таа наполни  30 години гледам колку време поминало, а и јас не сум истиот. На почетокот започнавме на 16 метри квадратни простор, а денес сме проширени на 250 метри квадратни каде се сместени, продавницата за велисипеди, резерни делови, изложбен салон, дел за друга опрема. По цел ден бев извалкан во рацете од сервисирањето на велосипедите, а така валкан никој и не ми верува дека сум газда. Сите очекуваа, газда, отмен господин, кој седи на биро, но кога ќе каже некој кој е газдата тоа муштериите го прифаќаа со недоверба. Сега сум во пензија, но доаѓам во дуќанот скоро секој ден и се радувам дека моите наследници добро, па и подобро во нешто го водат бизнисот.Сега “Фикамаго“ го водат Марија и Гордана, тука е мајка им Сребра која се грижи за финансиите, Филип помага колку што може посебно во лето во сервисот, а секако мора да се спомене и поддршката од Катерина која иако е вработена на друго место е секогаш со нив.-Сите изминати 30 години,  за нас сите, поминаа со многу работа, со многу поминати часови на дуќан посебно во летниот период и со уште повеќе задоволни муштерии. Се трудевме да го задржиме квалитетот на велосипедите кои ги набавуваме и продаваме и сите кои дошле во нашиот сервис да бидат услужени без разлика за каков проблем дошле, велат Марија и Гордана.30 години  работа на “Фикамаго“ му донесоа многу купувачи, многу задоволни муштерии и многу метеж во дуќанот. А поради метежот кој е секојдневие во дуќанот, посебно во сезоната на велосипеди на сервисерите на велосипеди им се приклучува и Филип, а тука е пензионерот, Борче да помогне со некој совет.На повеќе од пола Битола им продале велосипеди, а и во пандемијата

Изминатата 2020 година  со карантинот, а потоа со затоплувањето на времето голем број битолчани се вратија на здрав начин на живот, природа и возење на велосипеди. Голем број на битолчани купуваа или поправаа своите стари велосипеди, се јави некој тренд за велосипеди. За бизнисот и продажбата Марија вели:-Ова е семеен бизнис, а љубовта која сите ја имаме кон велосипедите ја пренесуваме тука, а потоа на муштериите. Битола има култура на возење велосипеди. Битолчани возат велосипеди поради спортската култура-рекреацијата, поради здравјето, а секако мора да спомнеме и дека некои го користат и поради финансиската состојба, некои поради наплатата на паркинзите. Проблемот со загадувањето го зголеми  бројот на велосипедистите. Пандемијата исто така придонесе возењето велосипеди да стане „ИН“ во парк, подалечни тури во околината на Битола, чист воздух, настана од групирање  и зараза со ковид-19.– Во Фикамаго секој  ќе си најде  “точак“ по своја мерка. Сите категории граѓани се добредојдени во дуќанот, а морам да кажам дека од година во година е се поголем бројот на оние кои користат велосипед поради рекреација. Тука е фактот што од година на година се зголемува продажбата на велосипеди токму за оваа намена. Се купуваат велосипеди кои се посовремени и со многу лесни и здрави делови. Кога сме кај продажбата не смеам да ги заборавам децата, кои се наши редовни и најдраги муштерии кои тука кај нас го набавуваат својот прв велосипед, кој секогаш ќе им остане во нивните сеќавања, додава Гордана.

Во текот на овие три децении постоење “Фикамаго“ многумина ги направиле со точак, како што се вели по битолски.

-Ако во просек секоја година продавам од 1.000 до 2.000 велосипеди, тогаш доаѓаме до бројка од 50.000 продадени велосипеди, а тоа сакале да признаеме или не, тоа е некаде повеќе од половина Битола. За бројките не сум размислувал, но сега кога за 30 годишниот јубилеј,  ја правиме математиката излегува дека е така, како што велите, дека повеќе од половина Битола сме ја снабдил со точак, а како оди намалувањето на жителите и процентот се зголемува.-Од пред неколку години хит се велосипедите со ретро стил. Нив ги имаме во дуќанот и за нив има голем интерес кај битолчани, бидејќи знаеме дека битолчани се по модата. Посебно ме радува тоа што за ваквите велосипеди има интерес подеднакво и кај мажите и кај жените, а сите како задолжителна опрема ја бараат корпата која се наоѓа на предниот дел. Но, последните години се промени и побарувањето на велосипеди, а се бараат многи поквалитетни и поскапи велосипреди, секако од познатите светски брендови. Тоа значи дека битолчани секојдневно се повеќе знаат за велосипедите, вели Марија.“Фикамаго“ има муштерии покај од Битола, од Ресен, Кичево, Демир Хисар, за жал последната сезона ги нема купувачите од Грција. Тука покрај велосипедите и резерни делови за нив, има и резервни делови за моторцикли и мотокултиватори, а секако ја има и потребната опрема за безбедно возење, за што “Фикамаго“ посебно обрнуваат внимание.-Мора да се внимава на безбедноста на секој велосипедист без разлика дали вози велосипед низ град, низ парк, или на планина. Мора да се почитуваат правилата и да се носи безбеносна опрема. Но секако мора да се има исправем велосипед. Затоа сме тука на сите во нашиот сервис да им ги средуваме велосипедите, вели Филип.За идните планови на “Фикамаго“ Марија додава:

-Тешко е да се продолжи бизнис кој го има основано и развивано нашиот татко Борче, на еден наќин потежок начин на работа, со непосредност, со чесност, со мерак. Се надевам дека ќе продолжиме во таа насока, нема да го посрамотиме Борче, ќе бидеме непосредни со муштериите, и ќе им нидиме квалитет на велисипеди, резервни делови и сервис, и исктено се надевам дека ќе успееме.Колку и да има работи со кои може да се гордее Борче, посебно со почетоците, тој сепак е најгорд на своето семејство кое комплетно е посветен, а кои го продолжи негово дело. Затоа им го честитаме јибилејот и да слават уште многу години. 

Жанета Ристевска