Press "Enter" to skip to content

Фото вест: “Плодност“ со најубави “цвеќенца“ ја пречека пролетта која пристигна денес

Пролетта во земјава и на северната хемисфера почнува денес во 10 часот и 37 минути. На првиот пролетен ден, а во Специјалната гинеколошко акушерска болница “Плодност“ им се радуваат и на нивните “цвеќенца“, заедно со нивните родители.

-Пролетта е симбол на нов живот, сила, енергија, радост и љубов. Најубавото годишно време со чудесната боја на природата, ја буди позитивната енергија, мисла и насмевка. Да гледаме само вакви убавини за пролетни чувства кои ни ја разгалуваат душата, ќе додаде некој.