Press "Enter" to skip to content

Утре во економско ќе се тестираат кандидатите за реонски попишувачи од дополнителниот конкурс

Кандидатите за реонски попишувачи кои се пријавија на дополнителниот конкурс, објавен од Државниот завод за статистика, за пописниот реон 20 кој ги опфаќа општините Битола, Могила и Новаци, ќе се тестираат утре во средното општинско економско училиште „Јане Сандански“ во Битола.

Термините за тестирање се поделени во две групи, првата од 13.30 до 14.15 и втората група од 15.15 до 16:00 часот.

Тестирањето ќе биде организирано според пропишаниот протокол на Министерството за здравство за заштита од КОВИД 19, а кандидатите потребно е да дојдат во училиштето 10 минути пред закажаниот термин и на себе да носат заштитна маска КН 95.

Распоредот за тестирање е објавен на веб страната на општина Битола, како и на седиштето на пописната комисија. Од страна на пописната комисија кандидатите ќе бидат и телефонски известени за терминот и просторијата во која се распоредени за тестирање.

Доколку, има кандидати кои се пријавиле на првиот конкурс, а поради одредени причини не биле во можност да дојдат на тестирањето кое беше организирано и спроведено на 11.03.2021 година, за да можат да бидат тестирани на 22.03.2021, потребно е да извршат потврдување на терминот за тестирање на телефонскиот број 075276982.

More from ВестиMore posts in Вести »