ЈП “Стрежево“ од Битола ги известува љубителите на скијањето дека поради обилните снежни врнежи кои создадоа предуслови за продолжување на ски сезоната, ги подготвивме скијачки патеки кај Нижеполе за непречено скијање.
Вечерва од 17.00 до 20.00 часот ќе имаме ноќно скијање.
Ве молиме за почитување на протоколите за спречување на ширењето на коронавирусот (ковид -9), пропишани од страна на Владата и Комисијата за заразни болести за скијачките центри.
Апелираме на носење лична заштитна опрема – маски, почитување на задолжителното растојание меѓу посетителите и вршење на дезинфекција со средствата кои ќе бидат поставени на пултовите за дезинфекција.






