Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Денес, сабота, 3 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20л/м2) проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 20 степени.

Утре, недела, 4 април, во Битола времето ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час). Температурата во Битола до 9 степени.