Пред 10 години во Битола, поточно од Битола тргна, под мотото “Има излез за Македонија“ промоцијата на изборната програма на Либерално демократската партија, која се случи во салата на Народниот театар, започна со своите сеќавања за 2011 година, во април, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.–Морам да кажам дека еден од гоорниците на промоцијата на програмата бев и јас, присуствуваа тогашниот лидер на ЛДП, Јован Манасиевски, потпретседателот на партијата и актуелен пратеник Андреј Жерновски, екс градоначалникот на Скопје, Ристо Пенов, кандидатот за претседател на република Македонија Нано Ружин. На промоцијата зборуваше и тогашниот претседателот на Општинската организација Валентин Груевски, вели Миновски, кој додава:
-Сите говорници на промоцијата на програмата, која претходно им беше поделена на
присутните, истакнаа дека гласот за ЛДП не е изгубен глас, како што тврдат двете најголеми политички партии, туку тој е глас за себе. Економската модернизација и демократската ревитализација на земјата се двете клучни цели за кои ќе се залага ЛДП на претстојните парламентрани избори.Мора да се спомене и дека ЛДП се залага Парламентот во иднина да брои 90 пратеници, а воедно и за драстично смалување на бројот на министерствата, кои според оваа партија треба од 22 да се рационализираат на само 12, како и за укинување на функционерските места како што се заменици министри, или министри без ресор и за драстично смалување на бројот на државните институции.

Деновиве пред 10 години: во Битола ЛДП ја промовираше изборната програма
More from БитолаMore posts in Битола »
- Најслатките и најмилите, вкупно 950, по трет пат трчаа на “МИНИ Трчај БЕ“ по Шеталиште во Битола (фотогалерија)
- Манастирот “Св. Кирил и Методиј“ кај Лознани со голема прослава на празникот на нивните патрони, послужени над 1.000 гости (фотогалерија)
- СВР Битола: се тепале четворица го нарушиле јавниот ред и мир, малолетничко насилство
- Матурантите од Горната од Битола на заслужена матурска прослава (фотогалерија)
- Никола со филмско сценарио и со три музики на “Магнолија“ во Битола ја запроси Алвона, а таа кажа ДА (видео + фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Меѓународен ден на детето
- Во Битола сончево и топло со мала до умерена локална облачност, температурата до 28 степени
- “Пелистерци“ и Битола и по 20 години без трофеј, Вардар победник во Купот (фотогалерија)
- 7. Интернационален пијано натпревар “Piano fest 2025“ во Битола, 110 млади музичари од 10 земји
- Еурофарм Пелистер по Куп титула, битолска инвазија на Охрид, судии битолчани