За време на траењето на овој полицискиот час, дежурна аптека во градот ќе биде аптеката “Роса Вита“ која и досега работеше со полно работно време.
-Сите кои имаат потреба од некои лекови, тоа да го направат за време кога не е органичено движењето, а ги повикуваат граѓаните да ги почитуваат ограничувањата за движење, а во аптеката да доаѓаат со заштита, маски и ракавици, да го почитуваат редот во аптеката и да го почитуваат пропишаното растојание, истакнуваат од “Роса Вита“.
Аптеката “Роса Вита“ ќе врши достава на лекови и за време на полицискиот час, од 22 до 5 часот, со такси компании кои имаат дозвола за движење.
Аптеката “Роса Вита“ се наоѓа на влезот во Старата битолска чаршија, наспроти Уредот-влезот во Итната брза помош.
Телефон за потребите информации за лекови или други информации е 047 236 468 или мобилен број 070 373 272.






