Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 85 позитивни на ковид-19, оздравени 43, починат 1, хоспитализирани 134 пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 5.569 тестирања, а регистрирани се 1.092 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се  85.

Регистрирани се 2003 оздравени пациенти од Битола се Битола 43.

Денес бројот на хоспитализирани пациенти во регионалниот Ковид центар во Битола е 134, а во последното деноноќие имало 17 ново примени пациенти и 6 испишани.

Пријавени се вкупно 32 починати лица од кои еден  починат пациент е од Битола  на 88 години, починат во болнички услови.

Направени се ЦЈЗ Битола 107, а преку болница “Плодност“  78 ковид тестови.

До сега во Битола има 5.289 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.326 случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 666.091 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 141.157, бројката на оздравени пациенти е 115.433, на починати е 4.182, а бројот на активни случаи изнесува 21.542.

 

 

More from ВестиMore posts in Вести »