Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Пандемија, една година потоа. Како да бидеме толерантни на неизвесноста­?

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.

Пред точно една година со ширење на пандемијата од Ковид 19 низ цел свет, стравот и неизвесноста станаа наше секојдневие. Со воведување на вонредна состојба и карантин поголемиот дел од нас сметавме дека цело лудило ќе престане после 1 месец или 2 и вирусот нема да постои. Во тој период сите храбро се соочивнме со цела ситуација. Некои тргнаа во решавање на приватните ситуации, сами со себе, учеа онлајн, готвеа, најдоа свое ново хоби… секој здивна од секојднвните проблеми на работа, се подвети на семејството, здрав живот, природа…. Низ анкети со поголем број личности  ако ги  запрашате за овој период се добива заклучок дека  поголем дел од луѓето се сеќаваат на убавите моменти, бидејќи ние како човечки суштества и сме насочени да избегнуваме  искуства кои ни причиниле болка или непријатни, нагативни. (од тука и потиснување на тешки трауматични ситуации).

Поголемиот дел од нас се држеа  добро

Една година потоа… Повторно  ситуација со стравот и неизвесноста  од иднината која се чини многу несигурна, за некои и бесперспективна бидејќи не се гледа светло на крајот од тунелот. Тука се и:

-секојдневни негативни вести и бомбардирања од страна на  медиумите, со секојдневна неизвесност и вести за голем број на заразени, смртни случаи, (на нам позннати и драги луѓе),

-контрадикторни вести и теории на заговор (околу вирусот Ковид-19, вакцини),

-информации, ставови и емоции кои се шират на социјалните мрежи и во секојдневните разговорите.  Како  реагираме во  трауматични ситуации која го менува нивниот живот?

Психолошко спознавање е дека луѓето во трауматични ситуации која го менува нивниот живот обично реагират во пет хронолошки фази: 

-одбивање (нема вистинска реална опасност од корона тоа е обичен грип)

-лутина, бес, неприфаќање (зошто ова ни се случува?- Колку убаво ни беше пред пандемијата, имавме планови, добро ми тргна во 2020…

-“ценкање“ (дали има или нема вистинска реална опасност од заразата), разни теории на заговор…

-депресија (загрижаност, тага, песимизам дека лошо ќе заврши) и

-прифаќање (прилагодување на новонастаната  ситуација)

Ако условите во нашето социјално опкружување се променети изместени може ли човек во окружувањето  да остане ментално здрав?  (изреката: кој не полуди, тој не е нормален).

Не е неправилно ако чувствувате умор, апатија, загриженост, негативни чувства на страв, тага, а се поставува прашањето што е со нашето ментално здравје и на сите оние кои заради пандемијата останаа изгубија драги личности, останаа без работа, лицата од возрасната група граѓани, учениците на кои им недостасува училиштето, матурантите, нивните родители, лицата кои доживуваа семејно насилство?

Последиците од лудилото кое го донесе пандемијата ќе имаат последици на менталното здравје, но сепак треба да бидеме свесни дека кога се ќе помини и ние ќе се опоравиме.Препораки:

-допуштете си себеси да сфатите и прифатете како се чувствувате СЕГА и ОВДЕ.

-ако сте си ветиле на себеси дека ќе издржите, а сега немате сила тогаш е во ред да се чувствувате УМОР од целата ситуација,

-не мора за да прикажувате  дека сте силни и  дека сте подеднакво ефикасни и оптимистични како што сте функционирале и реагирале како личност пред „новата реалност“,

-во ред е да покажете слабост,

-бидте свессни и присутни во која состојба се наоѓате,

-само забележувајте и прифатате како сте сега,

-не барајте некое решение, не борете се само прифатете дека сте уморни од ситуацијата,

-пренасочете  го вниманието.

Нашиот ум функционира за да не заштити. Заради тоа пристрасни сме и  размислуваме за потенцијалните закани. Кога се најдете преполни со размислувања за застрашувачки нешта кои би можеле да се случат, треба да ја запомниме оваа тенденција за лош исход. Да може да се случи нештои лошо. Признајте ги сите грижи и пренасочете го својот  умот во сегашноста и на факти. Кажете си дека се ќе помине како и што поминало.

Споделете ја својата загриженост, чувство на страв, тага

Споделете ги своие грижи со другите. Разговарајте за она што ве мачи со личност која ви е блиска.Да се соочиме со нашите чувства на страв и да се погрижиме за нашето и ментално здравје на сите околу нас. Треба да ги имате во предвид и овие факти кои се покажале точни во психолошките истражувања.Што е “парадокс на анксиозност“

Анксиозноста расте пропорционално коклу повеќе човекот му се опира. Карл Јунг „Она на што се опираш опстанува…“ Некои се борат на различни начини Луѓето си го одвлекуваат вниманитео со пијалок, храна, или други неадкватни активности. кои повеќе би ги применувале. Со избегнување на анксиозноста ние всушност правиме таа да се враќа.

Наместо тоа дозволете манифестирање на  вашите анксиознои мисли , чувства и физички манифестации како адекватни во вакви кризни ситуазции.

Како да бидеме толерантни на неизвесноста­?

Неизвесноста го зголемува чувствот на анксиозност. Она што е неизвесно го толкуваме за потенцијално многу опасно и не сме сигурни како ќе се заврши.(Обично во вакви ситуации човечкиот ум обично многу повеќе ги перцепира лошите  информации, за сметка на оние кои се добри). Неизвесноста е составен дел на животот, но зависно од тоа  каков став ќе завземеме кон неа, сите различно реагираме. Луѓето имаат потреба( се стремат) да ја контролираат ситуацијата и на тој начин си прават сигурна и безбедна средина. Меѓутоа колку е тоа возможно во реалноста?

Животот не можеме да го контролираме, бидејќи тогаш не би бил живот.

Животот се развива и не може да се контролира. Овој факт треба едноставно да се прифати. На тој начинќе ни биде подобро, ќе ни биде полесно. Исто така треба да знаете дека не се соочувате прв пат во својот живот со неизвесна ситуација. Поседувате лични искуство со други неизвесни ситуации, заради тоа треба да имате верба дека и со оваа ситуација ќе се справите.