Пред три години на “кривината“ на Тумбекафе над Битола, од каде е неповторлиовиот поглед кон дел од Битола, Пелагонија и Кајмакчалан, неформалната група од Битола “Везден Млади“ постави клупи за одмор на местото, каде имаше импровозирани клупи од штици, а ги напрвиле некои други љубители на природата. Но, како и секогаш се случува наместо тоа да се одржува и надоградува, се уништуваат работите. Така сега многу млади и стари од Битола кои рекреираат на Тумбекафе на ова место се одмараат на клупата, но и загадуваат. Како се гледа секој ден тука има се повеќе, ѓубре, пластика, најлони, а при секој ветар тоа се разнесува се подалеку и се е потешко да се собере.
Минатата година токму во ова време “Везден Млади“ ги поправија и ги офарбаа клупите, а по се изгеда дека оваа година ќе треба да се искачат на Тумбекафе и да им соберат ѓубрето на битолчани, кои не знаат да ценат ни природа, ни нечиј труд.

Фото вест: “Везден млади“ поставија клупи, а некои други млади и стари загадуваат по Тумбекафе
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес двојна програма од ракометниот куп, двете екипи Еурофарм Пелистер со лесни победи
- Петар Атанасијевиќ постигнати 32 гола на еден натпревар, а како нов рекордер во Македонија заврши на раце на своите соиграчи
- Пелистер со нова победа во Битола, против Кожув кој до крај не се предаваше (фотогалерија)
- Пелистер го победи Осогово во Битола за крај на есенскиот дел (фотогалерија)
- Пелистер ги награди најверните и најлојални фудбалери од оваа генерација (фотогалерија)