Пред три години на “кривината“ на Тумбекафе над Битола, од каде е неповторлиовиот поглед кон дел од Битола, Пелагонија и Кајмакчалан, неформалната група од Битола “Везден Млади“ постави клупи за одмор на местото, каде имаше импровозирани клупи од штици, а ги напрвиле некои други љубители на природата. Но, како и секогаш се случува наместо тоа да се одржува и надоградува, се уништуваат работите. Така сега многу млади и стари од Битола кои рекреираат на Тумбекафе на ова место се одмараат на клупата, но и загадуваат. Како се гледа секој ден тука има се повеќе, ѓубре, пластика, најлони, а при секој ветар тоа се разнесува се подалеку и се е потешко да се собере.Минатата година токму во ова време “Везден Млади“ ги поправија и ги офарбаа клупите, а по се изгеда дека оваа година ќе треба да се искачат на Тумбекафе и да им соберат ѓубрето на битолчани, кои не знаат да ценат ни природа, ни нечиј труд.
Фото вест: “Везден млади“ поставија клупи, а некои други млади и стари загадуваат по Тумбекафе
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)