Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: нападнат службеник во пошта кај автобуска и нападнато лице на Булеварот

На 14.04.2021 во 09.10 часот во СВР Битола било пријавено дека во експозитура на „Пошта на Северна Македонија“ на ул.„Македонска фаланга“ во Битола две лица со закана кон вработениот се обиделе да ги одземат парите од дневниот промет, при што и физички го нападнале, но не успеале во намерата. Се работи на расчистување на случајот.

На 14.04.2021 во СВР Битола, В.Н. (50) од Битола пријавил дека на бул.„1-ви Мај” во Битола бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »