Press "Enter" to skip to content

Говорот на телото на насилници

“ЕУ Институт“ – Скопје и порталот www.bitolanews.mk од Битола повторно со актуелен серијал на тема говорот на телото. Читајте не секој петок и надградете ги вашите знаења во неформалното образование. Веруваме дека ќе ви дадеме можност за позитивна промена и влијание во вашите животи преку совладување на формалната едукација како важен сегмент од животот на секој еден од нас.

Во денешното обраќање ќе го профилизирам говорот на телото кај лица кои секојдневно ги среќаваме на улица, а се сторители на некаков вид на насилство, виктимизираат. Денес, со недраго срце ќе зборувам за многу луѓе кои се толку повредени од злоупотребите во нивните животи, што гледаат низ раните и болките предизвикани од злоупотребите што ги претрпеле. За жал, во денешното современо живеење ова е честа појава кај нас и во светот. Во моето истражување, од она што може да се најде и е јавно достапно, можев да забележам дека 60% од жртвите на семејното насилство се жени со пониско образование. Преваленцата се зголемува со намалување на образовното ниво. Кај мажите пак се покажува нерегуларна матрица. Кога е во прашање националност, многу повисока преваленца има кај останатите етнички групи отколку кај Македонките и Србинките. Физичкото насилство е со поголема концентрација кај младите жени и кај повозрасните групи. Секако ќе утврдиме дека статистиката за злоупотреба и во нашата држава е алармантна. Во услови кога сме во лок-даун и глобална пандемија предизвикани од Ковид-19, доказите укажуваат дека стапките на домашна злоупотреба се зголемуваат откако државите на Балканот започнаа да воведуваат строги ограничувања на движењето во борбата против КОВИД-19.

Важно како информација која би сакала да ја споделам со вас е дека некои од злоупотребите може да ги избегнеме и тоа со препознавање на знаците на говорот на телото кои ги манифестираат луѓето. Секогаш во животот ќе ни користи да имаме барем основни познавање на тема невербална комуникација и да можеме да дијагностицираме насилство , дури и пред тоа да има индиции да се случи.

Нашата перцепција на нештата се заснова на нашите искуства. Некои може да погледнат во чаша вода како полупразна, додека други ја гледаат полуполна. Некои може да почувствуваат дека некој што се појавува зад нив не е заканувачки, додека други ќе се здружат или трчаат или ќе се борат, во зависност од тоа какво било нивното искуство кога некој ќе се појави зад нив. Нашите реакции се резултат на нашето искуство.

Воглавно, нашата перцепција на нештата се заснова на нашите искуства.Што можеме да спречиме како насилно дејствие преку оваа наука за говорот на телото?

Прво би рекла дека може да се избегне насилство во однос на маж наспрема жена. Со самото тоа ќе се избегнат и повреди кои се резултат на семејно насилство. Може да се избегне домашно злоставување во текот на животот. Преку читање и скенирање на говорот на телото може да се избегнат и намалат број на силувања. Говорот на телото иако не е егзактна наука, и те како може да помогне во пре-скрининг на ваков тип на дејствија. И покрај тоа, не можеме да генерализираме и да кажеме дека сите насилници имаат или ќе покажат ист тип на личност и ист говор на тело. Многу од насилниците се измамници. Знаците кои ги манифестираат честопати знаат да дадат некаков вид на предупредување кое жената доколку може објективно да процени, би требало да може тоа и да го предвиди, прочита.

Иако не може да се каже за сите, многу насилници може да имаат ист или сличен тип на личност и говор на тело. Многу насилници се измамници, вешти манипулатори. Скенирањето на говорот на телото може да послужи како знак за предупредување. Доколку се едуцираме на оваа тема и навлеземе во оваа наука, ќе имаме придобивки како за индивидуата така и за општеството. Можноста преку говорот на телото да ги прочитаме овие знаци, може да послужи како предупредување за секоја жена која да речеме оди на состанок, деловна средба или можеби живее со потенцијален насилник.

Верувам дека преку овој проект ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО-НЕВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА кој го реализира ЕУ ИНСТИТУТ Скопје во соработка со својот медиски партнер БИТОЛА ЊУЗ и преку овие неделни едукации ќе ја доближам оваа наука до обичниот граѓанин, кој сите овие совети ќе ги усвои и практикува како дел од својот живот и секојдневие. Се со цел за неформална едукација на оваа тема и намалување на злоупотребата на жената во општеството.

Физички став

Вообичаено лицата кои се насилници имаат генерален став дека се подобри, посупериорни од личноста која ја злоуотребуваат, да речеме жената. Тие завземаат физички став на некој, надмоќ. Каков е нивниот говор на тело? Исправен, со раце на колкови за да телото им изгледа поголемо отколку што всушност и е. Нозете им се со расчекорен став, разделени. Спремни се за напад и агресија. Погледот им е остар, одржуваат директен контакт со очи како начин на заплашување на другите.

Од она што можев да го сретнам од искуства на стручни лица кои работат со ваков вид на жртви со семејно или друг вид на насилство, многупати се случува лицата кои извршуваат насилство повремено да одржуваат дистанца од потенцијалната жртва. За дистанцата зборував многупати. Таа е показател за намерите на луѓето. На овие лица тонот и бојата на гласот им е остар, отсечен, со наредувачки команди. Ваквите насилници се воздржани комуникатори, зборуваат со други лица. Вешто се кријат и може да се лица од различни сфери и професии. Ако се набљудуваат во група, тие честопати се воздржани и немаат големи социјални интеракции.

Некогаш жените поради непознавањето и недоволното реално согледување може да направат фатални животни грешки во изборот на својот партнер. Совладувањето на говорот на телотоневербалната комуникација во солиден процент може да ни помогне кон правилно скенирање на луѓето и вистински избор на партнер. Голем број на жени, поради емоционални чувства спрема партнерот се во состојба се да направат што тој ќе побара. Во реалноста сме сведоци на примери каде жената е злоупотребена на безброен број на начини.

Оваа наука ќе помогне на секој еден граѓанин која сака да се едуцира преку неформално образование, во подобрување на сопствените капацитети и имплементирање и користење на придобивките од оваа вештина, за да потоа може да ги примени во сопствениот живот.Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените се одржува на 25 ноември 2021 година. Aктивисти го одбележуваат овој ден како ден за борба против насилството врз жените од 1981 година. На 17 декември 1999 година Генералното собрание на Обединетите нации го одреди 25 Ноември за посебен ден. 25 November, International Day for the Elimination of Violence against Women.

Право на надмоќ, посебен третман!?

Насилниците се чувствуваат надмоќни и многупати се докажува дека самите за себе сметаат дека имаат право на посебен третман. Многупати ваков посебен третман и право на одредени работи имаат и насилници од помал калибар, ако може така да се нарече. Кои се тие? Па сите оние кои додека чекаме ред, скокаат и сакаат од последно место на прво да стигнат до касата во маркетот кај што пазариме. Ова е само еден банален пример. Ваквите луѓе сакаат да прерипуваат затоа што се чувствуваат посебни. Изразот на лицето им е арогантен и се доволни сами за себе. Егоисти се. Бараат внимание секаде каде што се наоѓаат и тоа повторно преку говорот на телото и невербалната комуникација. Манифестираат гестови кои всушност се физичка закана, пример покажуваат тупаници и слично.Ако се направи профилизација на овие лица може да се увиди дека кога не го добиваат посакуваното реагираат насилно, со избувлив глас, излив на бес. Во вакви ситуации се опасни, физички напаѓаат и се неподобни за околината и општеството. На овие виктимизатори, доколку објективно поседуваме вештини за да ги набљудуваме, може да приметиме дека лицето може да им стане црвено, од напор и агресија, а гласот дополнително да им е погласен, со се поголема и поголема јачина. Многумина од насилниците не префаќаат НЕ за одговор кога вршат физичко насилство, кое за нив претставува некаков вид на задоволство. И, секогаш мислат дека се во право и дека ја поседуваат својата партнерка, сопруга и чувствуваат дека имаат право да прават што ќе посакаат со нејзиното тело.

Насилството врз жените и девојчињата е едно од најраспространетите, најупорните и најразорните повреди на човековите права во нашиот свет денес останува во голема мера не пријавено заради неказнивоста, тишината, стигмата и срамот што го опкружуваат. Општо земено, тоа се манифестира во физички, сексуални и психолошки форми, опфаќајќи ги: насилство од интимен партнер (тепање, психолошка злоупотреба, силување во брак, фемицид); сексуално насилство и вознемирување (силување, присилни сексуални акти, несакан сексуален напредок, сексуално злоставување на деца, присилен брак, улично вознемирување, демнење, сајбер-вознемирување); трговија со луѓе (ропство, сексуална експлоатација); осакатување на женски гениталии и детски брак.Восхит и вина

Насилниците, за да ја привлечат својата потенцијална жртва честопати знаат да се многу шармантни и да ја облетуваат жената со нивно физичко внимание. Голем процент од нив се високо интелигентни. Обожувањето на жената преку говорот на телото го исполнуваат на тој начин што кога се во друштво, ја обожаваат (жртвата). Но, ова само кога некој има во близина! Голем дел од насилниците ги обвинуваат сопругите дека се иницијатори на нивните постапки и реакции. За сите неприлики кои им се случуваат, редовно ги обвинуваат партнерките дека заради нив, тоа во моментов и се случува. Без оглед дали се работи за тоа дека му се скршила чашата или било што друго банално. Повторно би напоменала дека се исклучително интелигентни и имаат методи на убедување врз жените дека е нивна вината за тоа што тој, мора да ги удира и секојдневно да ги гази и повредува. Со кратки зборови ја командуваат врската.Во центарот на вниманието

Насилниците се егоисти, мислат прво на себе. Користат во својот вокабулар термин јас, јас, јас бидејќи не знам дали пред малку се споменав јас! Претпочитаат и обожуваат да говорат за себе и своите достигнувања и покрај тоа што некогаш се тоа само измислици. Секогаш сакаат да се први, во било која работа, по било кој основ. Говорот на нивното тело покажува дека се опседнати со доминација. Нивната агресија и манифестирање на насилство започнува оној момент кога жената ќе се обиде да ја прикаже некоја од своите вредности. Ќе повторам дека, нивната намера на злоставувач ќе треба да ја предвидите преку манифестирањето на фацијалната експресија и гестикулација на екстремитетите. Верувам дека набројав основни знаци на доминација на лице-потенцијален или реален насилник, кои ќе ви помогнат можеби и да дијагностицирате одредена личност кој што реално не ја сметате за таква.

Целта на моето денешно обраќање е дека доколку жените во нашето општество ги усовршат овие вештини за читање на луѓе преку говорот на телотоневербалната комуникација, статистиката на злоупотреба би можела да се намали.

Сите овие знаци на доминација и контрола можат да бидат знак на потенцијален насилник. Можеби ако жените би биле повеќе свесни за овие индикатори, статистиката за злоупотреба би можела да се намали.

За сите дополнителни информации, едукации и индивидуални обуки на тема говорот на телотоневербална комуникација можете да не контактирате по пат на меил. Останете во добро здравје и позитивна енергија. Ги очекуваме вашите коментари и ценети мислења.

ISBN 987-608-4880-03-5 Материјалот е авторски. Секое реобјавување мора да е во согласност со авторот каде јасно ќе биде ставен изворот на текстот.

Дел од користени информации % и детали се од ИЗВЕШТАЈ ОД СТУДИЈАТА ЗА НАЦИОНАЛНАТА АНКЕТА ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО во рамките на Програмата на Обединетите Нации за Зајакнување на националните капацитети за превенција на семејно насилство.