Жанета Ристевска
Улога на нутриционистите и фитнес тренери многу значајна за подобро здравје, спортување и намален стрес во ковид и пост ковид криза.
“NutriFit Shop“ е специјализирана продавница за суплементи (додатоци во исхраната), здрава храна, опрема за фитнес и боречки спортови, а сопственикот Горан Тромбев e дипломиран инженер технолог нутриционист, а воедно и фитнес тренер. Има 25 години и професионално се занимава со боди билдинг. Двократен шампион на Македонија во боди билдинг и Балкански шампион во боди билдинг за 2018 година. Го посетивме во “Нутри Фит шоп“ и поразговаравме на повеќе теми поврзани со здрава исхрана, тренинзи, боди билдинг и отварањето на оваа специјализирана продавница за суплементи од најразлични врвни производители наменети за сите видови спортисти и напорни тренинзи.здрава исхрана и спортска опрема. Фотографиите и разговорот ги направивме во “NutriFit Shop“.За себе…
-Започнав да тренирам боди билдинг уште на своја 13 годишна возраст, благодарение на мојот татко, Борко Тромбев, кој во 2006 година го отвори фитнес клубот “ФИТ АЛФА“. На почеток немав некоја посебна цел во бодибилдингот, започнав рекреативно, но уште од самите почетоци се пронајдов во овој спорт. Тренингот ме исполнуваше целосно, и постепено имав се поголема желба и амбиции.Идејата за отварање за специјализирана продавница за суплементи (додатоци) во исхраната, здрава храна, спортска опрема.
-Покрај тренинзите, за сериозни резултати и фитнес цели неопходни и потребни се добри и квалитетни суплементи, па од таму ја добив и идејата. Таа ми се исполни во 2021, успеав да ја реализирам и таа моја желба, да отворам своја продавница за суплементи, опрема за фитнес и боречки спортови, здрава храна. Место каде што спортисти од различни области ќе можат да најдат се што им е потребно за постигнување на нивните цели. Покрај спортисти, производите можат да ги користат и луѓе кои не се занимаваат конкретно со некој спорт, но сакаат да водат здрав начин на живот, да внимаваат на својот изглед и да ги подобрат своите физички способности. Односно до подобро здравје, особено денес во време на пандемија.
Еден период постоеше скептичост кон користење на суплементи. Во “NutriFit Shop“ ќе добиваат совети за правилна употреба на истите…
-Во последните години се е драстично променето и постои поголема информираност, има промена и тоа во смисла на пол, возраст, и вид спорт. Нема разлика во конзумирање на суплементи и кај мажи и кај жени. Наменети се за сите видови спортови, не само боди билдинг. Страросната граница е поместена, ги земаат како помлади така и постари, повозрасни и сите кои спортуваат активно. Во однос на суплементите многу битно е да се напомене дека треба правилно да се конзумираат. Има многу луѓе кои не се запознаени за што конкретно се користи одреден суплемент, а со тоа и како се конзумира правилно. Секако дека не треба да се земаат на своја рака, туку онака како што е препорачано и безбедно да се користи. Од тој аспект како стручно лице – нутриционист, и долгогодишно искуство во спортот и суплементацијата, со сигурност клиентот ќе добие стручно мислење и препорака што е најдобро да се избери спрема потребата и нивните цели, и како тоа правилно и безбедно се конзумира, со цел да се избегнат било какви можни несакани последици. Исто така тука би ги истакнал и советите за персонализираните планови во исхрана за регулирање на телесната тежина и постигнување на посакуваниот изглед. Тие ќе бидат значајни за сите оние кои водат живот со неправилна исхрана и неактивнсот заради спроведени мерки на заштита од пандемија во последната година и пол.
Кои суплементи ги има во НУТРИ ФИТ и повеќе околу нив?
-Во “NutriFit Shop“ може да се најдат суплементи со врвен квалитет од светски познатите брендови “FA Nutrition“, “Applied Nutrition“, “Optimum Nutrition“, “ActivLab“ линиите на светски познатите боди билдери Kevin Levrone, Dorian Yates, Ronnie Coleman. Квалитетните производи се секогаш број еден приоритет во “NutriFit Shop“. Сите производи можете да ги видите на нашата веб страница www.nutrifit.mk Како и на нашите профили на Facebook – NutriFit Shop, www.facebook.com/nutrifit.mk Instagram – nutrifit.mkФитнес тренер во “ФИТ АЛФА“ фитнес центар и теретана. Корона кризата ги затвори фитнес центрите и теретаните, доведе до променет начин на живот одреден период. Кажете околу ова?
-“ФИТ АЛФА“ е отворена 2006 каде веќе долги години има многу спортисти кои активно спортуваат. Пред корона кризата здравиот начин на живот, здрава исхрана и активен живот со спортување во последните години со модерниот начин на живот станаа императив, тука спаѓа и убавиот физички изглед со обликувано тело како кај женскиот дел така и кај машкиот. Овде ќе ја споменам и долгогодишната традиција на бодибилдинг меѓу битолчани. Со ширење на пандемијата со карантинот уште минатата година се затворија фитнес центрите и теретаните. После завршување на карантинот работеа со намален капацитет заради мерките на заштита и помал број на оние кои тренираат заради страв од ковид 19. Овој период на трет бран исто така заради зголемените мерки на заштита повторно сме затворени. Тоа доведе до променет начин на живот во „нова реалност“. Со ковид ситуацијата е намалена работата и во фитнес центрите. Луѓето се ограничени во движење, спортување. Но со ваквиот начин на живот кога кризата ќе помине, на сите ќе им требаат уште повеќе фитнес центрите и теретаните. Да се надеваме дека што поскоро ќе се вратиме во нормала.Ковид кризата се одрази на здравјето на сите и кај активни спортисти, рекреативци… оние кои прележаа ковид 19 или оние кои водат неактивен живот заради спроведени мерки и постојан стрес од лоши вести за пандемијата. Која е вашата улога како нутруционист и фитнес тренер сега и после корона кризата?
-Денес сите живееме во пандемија на корона криза кога здравата исхрана, витамините придонесуваат за подобар имунитет, го намалуваат стресот. Пандемијата влијаеше на овој или оној начин врз сите, и активни спортисти и оние кои беа рекреативци. Секако наша задача како нутриционисти и тренери да даваме стручни совети за да се надмината последиците од корона кризата. Особено за оние кои прележале ковид, а биле активни спортисти пред, за дасе вратат во форма потоа. Потоа многу луѓе кои заради променетиот начин на живот, мерките како полициски час, затворени фитнес центри се: неактивни, не вежбаат, ја зголемиле својата телесна тежина, повеќе поминуваат време со технологија. Сето ова ќе има последици врз здравјето. Првенствено да советуваме како да се вратат сите и активни спортисти, рекреативци, наективни најпрво во подобро здравје, и тоа со правилна исхрана, правилни тренинзи без голем напор. На овој начин да се намали стресот. Тука повторно би ги споменал персонализираните планови за исхрана и суплементи и со завршувањето на пандемијата ќе треба да почнеме да почитуваме други правила и тоа за правилна исхрана и здрав начин на живот за сите постепено да се свратиме во норамален начин на живот со што помали последици од ковид кризата. Јас сум оптимист и се надевам со завршување на пандемијата ќе се вратиме во нормален начин на живот.“NutriFit Shop“ се наоѓа на улица “Баталјон Стив Наумов“ бр. 2 (поранешна “Едвард Кардељ“), наспроти ветеринарната станица во близина на селската автобуска. “NutriFit Shop“ (NutriFit Supplement shop – www.nutrifit.mk)