Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 59 нови позитивни на ковид-19, оздравени 31, починато едно лице

Во последните 24 часа се направени 3.988 тестирања, а регистрирани се 824 нови случаи на КОВИД-19 од кои во  Битола се 59.

Регистрирани се 682 оздравени пациенти од Битола се 31.

Пријавени се вкупно 31 починато лице од кои едно лице е од Битола на 38 години починати во болнички услови. 

Направени се ЦЈЗ Битола 69, а преку болницата “Плодност“ 60 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 688.876 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 146.733, бројката на оздравени пациенти е 122.121, на починати е 4.419, а бројот на активни случаи изнесува 20.193.

More from ВестиMore posts in Вести »