Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер продолжува со победите, го победи Охрид на гостување

Охрид – Еурфарм Пелистер 20:24 (9:11)

Екипата на Охрид беше мотивитана и покажа квалитет, но недоволно за победа над Еурофарм Пелистер од Битола, во натпревар од плеј-офот, кој се одигра во салата “Билјанини извори“ во Охрид.

Првото полувреме започна со цврста одбрана кај двете екипи со грешки во нападот, па резултат на таа игра беше некаде на средината на полувремето само по 5 постигнато гола нс двете страни за 5:5. Потоа следуваа голови на домаќините и прво водство од +2 (7:5). Потоа следуваше ново израмнување 7:7, а битолчани после добрата завршница на одмор отидоа до +2 (9:11).

Второто полувреме, односно 20 минути до 50. минута, се одржуваше разликата од +2 гола, но потоа беше +4 за Еурофарм Пелистер, а таа разлика битолчани ја одржуваа до крајот на натпреварот кој заврши со таа разлика, 20:24.

Најефикасен во Еурофарм Пелистер беше Јосип Периќ со шест гола, Кушан со четири и Мараш со три.

Со оваа Еурофарм Пелистер заостанува на -3 бода во однос на шампионот Вардар.

 
More from СпортMore posts in Спорт »