Press "Enter" to skip to content

Ислахането под привремена заштита, Општина Битола ќе обезбеди пари за заштита и застаклување на археолошките наоди пред Јени џамија (фото)

На Светскиот ден на споменици и локалитети, министерката за култура Ирена Стефоска ја посети Битола односно неколку обејекти кои за под заштита, Ислахането -старото занаетчиско училиште во Битола, Јени џамија -која се рекотруира и има нови археолошки наоди и спомен куќата на Стив Наумов.На прес-конференција во Битола, пред некогашното Исхлане, министерката за култура Ирена Стефоска рече:

-Објектот Исхлане, некогашното занаетчиско училиште во Битола стана дел од списокот на објекти под привремена заштита. Битолското и солунското Исхлане се последните два сочувани објекти на Балканот од изградените седум, подигнати во 19 век во османлискиот период. Нивната улога била да ги вдомат напуштените деца, сирачињата, децата кои подавале рака за корка леб, односно да им дадат занает. Многу деца израснале во почитувани луѓе. Но, за жал, војните, времето и негрижата се отсликаа во овој објект Исхлане, кој во буквален превод од турски на македонски јазик значи „Добро место“ и затоа такво мора да остане. Таму каде што пишува “објектот се продава“, треба да се допише “објектот е заштитен“.

Потоа министерката заедно со градоначалничката Наташа Петровска и директорката на НУ Завод и Музеј-Битола Мери Стојанова, ја посетија Јени џамија и извршија увид на реконструкцијата на џамијата, како и на истражувачкиот процес околу новите арехолошки наоди за некогашната црква во тој дел на градот, а Петровска рече:-Светскиот ден за заштита на културното наследство е особено значаен за град како што е Битола, заради културното наследство кое што го имаме и низата археолошки наоди. Нивната заштита, реставрацијата, конзервацијата, е значајна од аспект на зголемување на потенцијалот за развој на туризмот и тие придонесуваат за економскиот развој на општината, но и за зачувување на нашиот идентитет како дел од мозаичната слика на глобално ниво, гледана од аспект на културно идентитетска препознатливост. Битола од секогаш како град покажувала дека е место за соживот на сите етникуми, а потврда за тоа е и локацијата каде има археолошки наоди за постоење на црква во минатото, а сега и џамија. Како градоначалник на првата наредна седница на Советот на Општина Битола ќе предложам Општина Битола да донира финансиски средства со цел да се заштитат ископините во центарот на градот, односно арехолошките наоди од некогашната црква со што ќе покажеме дека умееме практично да ги чуваме и сочуваме нашите вредности и нашата привлечност како град за туристи, секако по завршувањето на ковид-кризата, рече Петровска.

More from ВестиMore posts in Вести »